• Latest

ЕУ ќе им помогне на земјите од Западен Балкан за развој на економијата

July 12, 2017
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026

Два јубилеи и една дијагноза

August 14, 2026
Сумска област, Украина, 14 август 2026 (фото извор: Сумска ОВА)

РУСКИ ТЕРОР: Станбена зграда во Краматорск уништена со наведувана бомба, мајка и деветгодишен син убиени во Сумската област

August 14, 2026
Петрит Сарачини, претседател на Институт за медиуми и аналитика (ИМА), Скопје, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Сарачини: Влијанието што го има во Македонија, Србија го користи како чип во играта со Западот

August 14, 2026

Водата се прочистува, но довербата останува загадена: Гостивар по најголемата здравствена криза

August 14, 2026

Путин, криптото и следната будала

August 14, 2026

Мехмети: Охридскиот договор не е привилегија, туку основа за внатрешна стабилност

August 14, 2026
Водителки креирани со вештачка интелигенција - ТВ Хепи

Вештачка интелигенција прилагодена за ТВ „Хепи“ и „Информер“

August 14, 2026
Отец Сергиј Бережној, манастирски комплекс „Св. Михаил“ во Кијив, 23 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Бидете добар Самарјанин за нас: Во што се состои пораката на отец Бережној од Православната црква на Украина до Македонската православна црква

August 14, 2026

ПР-от не може вечно да ја прикрива реалноста

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ЕУ ќе им помогне на земјите од Западен Балкан за развој на економијата

July 12, 2017 16:36
in ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Европската унија сака да инвестира во следните години околу милијарда евра во државите од Западен Балкан“, изјави европскиот комесар за проширување Јоханес Хан, на бизнис форумот, во рамките на Четвртиот Самит за Западен Балкан во Трст. Тој потенцираше дека ЕУ ќе ги поттикне реформите, за регионот продолжи да се развива и земјите да го постигнат посакуваното ниво на економски развој.

Во интервју за „Дојче веле“, комесарот Хан нагласи дека целта е подобро поврзување со Европската унија.

„Ќе склучиме низа проекти на подрачјето на транспортот, односно енергијата, во вкупна вредност од околу 200 милиони евра што на крајот ќе активира вкупни инвестиции од околу 540 милиони евра. Посебно важно е дека ќе создадеме претпоставки за ново регионално економско подрачје што треба да ја поттикне трговијата во регионот, која не е најдобро развиена, но има потенцијал“, изјави Хан.

Според Хан, иако тоа се добри вести, ажурното спроведување на договореното е проблем кога се работи за Западен Балкан.

На самитот присуствуваше и Кочо Анѓушев, вицепремиер задолжен за економски прашања, кој потенцираше дека Владата на Република Македонија ќе работи на развивање на добра соработка со соседите, а истовремено, силно ќе се посвети на спроведување на потребните реформи што го трасираат патот на земјата кон членството во ЕУ.

„Од Трст испраќам порака и покана до сите странски инвеститори дека се добродојдени во Република Македонија. Ние мора да направиме сè за да обезбедиме рамка за привлекување инвестиции. Инвеститорите ќе имаат потполна поддршка од институциите во административните процедури. Како Влада ќе го поддржиме секој инвеститор и гарантираме безбедност на нивниот капитал“, нагласи Анѓушев.

На бизнис форумот се обратија и Анџелино Алфано, министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, како и министрите задолжени за економија, индустрија и енергетика од земјите на Западен Балкан.

Претставникот на земјата-домаќин на самитот, министерот Алфано, во своето обраќање потенцираше дека отвореноста и транспарентноста на државните органи кон бизнис секторот се клучни за повисока динамика на економијата, а дека вистински предизвик е креирањето на нови работни места за младите луѓе, во кои е иднината на секоја земја.

Самитот за Западен Балкан во Трст е дел од активностите што се одвиваат во рамките на „Берлинскиот процес“, иницијатива на Европската унија, чија цел е забрзување на процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан во Унијата.

 

Дехран Муратов

Tags: бизнис форумЗападен БалканЈоханес ХанКочо АнѓушевСамитТрст
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ