• Latest

Европски одговор за Трамп

January 25, 2017

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Европски одговор за Трамп

January 25, 2017 15:10
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Холандската министерката за меѓународна соработка и развој Лилиан Плоумент, најави основање на Меѓународен фонд за абортус, што ќе финансира проекти кои ќе овозможат пристап до едукацијата во оваа сфера, за жените од земјите во развој. Фондот е своевидна реакција на одлуката на новиот американски претседател Доналд Трамп со која тој го забрани финансирањето на меѓународните организации кои ги информираат жените за нивното право на абортус.

„Ова ќе има далекусежни последици. Како прво, врз жените кои имаат право на избор за дете, но и врз нивните семејства и деца и општеството како целина. Да се забранува абортус, не води кон помалку абортуси, туку кон повеќе неодговорни и нелегални абортуси со здравствени и смртни последици“, изјави министерката Плоумент.

И додека САД, со еден од првите укази кои ги потпиша новиот претседател, ја менуваат својата политика по прашањето за правото на абортус, во Европа сé почести се протестите на жените кои сакаат да се изборат за сопственото право на избор.

Абортусот во Ирска се смета за криминално дело, за кое казната може да достигне и до 14 години затвор. Жените кои се против овој закон, на 8-ми март, Меѓународниот ден на жените, нема да одат на работа. Со ваквата одлука, тие сакаат да го свртат вниманието на ирските власти. Законот за забрана на абортусот во оваа земја се однесува на сите случаи на бременост, вклучувајќи ги и оние кои се јавуваат како последица од силување или инцест, дури и случаите каде фетусот не може да преживее надвор од утробата на мајката, поради фатални абнормалности. Според статистиките, секоја 12-та жена од Ирска, патува во Велика Британија секој ден, за да спроведе безбеден и легален абортус. Абортусот во Ирска е забранет со клаузулата во ирскиот устав, познат како „осмиот амандман“, според кој, фетусот има исти граѓански права како и бремената жена.

Протестот во Ирска следува по протести на илјадници жени, во април минатата година во Полска, кои успеаја да ги спречат тамошните политичари да преземат мерки за заострување на одредбите од законот за абортус.

 

 

Tags: абортусДоналд ТрампИрскаПолскаПротестСАДХоландија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ