• Latest

Јункер: Мигрантскиот договор најверојатно е во согласност со законите на ЕУ

July 3, 2018

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Јункер: Мигрантскиот договор најверојатно е во согласност со законите на ЕУ

July 3, 2018 14:39
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека договорот за миграцијата постигнат помеѓу партиите во германската владејачка коалиција, изгледа дека е во согласност со законодавството на Европска унија.

– Не сум го проучил во детали, но на прв поглед ми изгледа дека е согласност со законодавтсвото на ЕУ, посочи Јункер додавајќи дека треба детално да го проучат службите на ЕК.

Претходно, ЕК информираше дека ќе го анализира договорот што синоќа го постигнаа Христијанско демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел и Христијанско социјалната унија (ЦСУ) на министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер, кој предвидува отворање на центри за мигранти на територијата на Германија.

Неименувани извори во Европската комисија соопштија дека правилата на ЕУ за баратели на азил дозволуваат создавање на транзитни зони во државите членки на ЕУ во кои би се обработувале барањата за азил.

Според договорот меѓу Меркел и Зехофер, со кој канцеларката се обидуваше да ја зачува својата коалиција, предвидени се центри од затворен тип во кој ќе се разгледуваат барањата за азил, како и враќање на тие што веќе поднеле барање во друга членка на ЕУ.

Договорот бил доставен до правната служба на Европската комисија, каде ќе биде анализиран, а тој допрва треба да биде одобрен и од третиот коалициски партнер во германската Влада, Социјалдемократската партија на Германија (СПД).

Како што јави ДПА, договорот предвидува мигрантските центри што ќе бидат отворени во Германија, да гаранатираат дека мигрантите нема да имаат речиси никаков контакт со надворешниот свет,

Во центрите во кои ќе се обработуваат барањата за азил нема да биде предвидено ниту изучување на германскиот јазик. Со овие центри се напушта праксата барателите на азил да бидат распоредувани низ германските градови и села, каде го учеа германскиот јазик и имаа можност за интеграција.

Според барањата на министерот Зехофер, овие центри ќе бидат строго наменети за обработка на барањата за азил и нема да ги подготвуваат мигрантите за подолготраен престој во Германија.

Зехофер се закануваше со оставка и со раскинување на долгогодишната коалиција меѓу неговата баварска ЦСУ и ЦДУ, доколку не се стори нешто во врска со напливот на мигранти.

Засега само Баварија реши да отвори ваков центар, додека другите германски покраини се немаат изјаснето.

Медиумите оценуваат дека во баварскиот пилот-центар мигрантите живеат во пренатрупани објекти и честопати протестираат поради условите за живот. (МИА)

Tags: ГерманијаДоговорЈункермигранти
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ