• Latest
Рамзан Кадриов и Зелимхан Бакаев на средба во Чеченија во 2017 година Фото: Инстаграм

Кадиров наредил егзекуција на чеченска поп-ѕвезда за која открил дека е геј откако се ракувал со него

July 27, 2023
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Кадиров наредил егзекуција на чеченска поп-ѕвезда за која открил дека е геј откако се ракувал со него

Зелимхан Бакаев исчезна веднаш по средбата со лидерот на Чеченија во 2017 година. Како резултат на апсолутна неказнивост за немилосрдната голема анти-геј чистка во пролетта 2017 година, во Чеченија продолжуваат да се спроведуваат незаконски притворања, тепања и понижувања на мажи за кои претпоставуваат дека се геј или бисексуалци

July 27, 2023 12:59
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Рамзан Кадриов и Зелимхан Бакаев на средба во Чеченија во 2017 година Фото: Инстаграм

Рамзан Кадриов и Зелимхан Бакаев на средба во Чеченија во 2017 година Фото: Инстаграм

Share on FacebookShare on Twitter

Чеченскиот сатрап Рамзан Кадиров наредил егзекуција на поп-ѕвездата Зелимхан Бакаев за која открил дека е геј откако се ракувал со него на промотивна фотографија, соопшти локалната група за човекови права, СОС Северен Кавказ.

Групата која им помага на ЛГБТ луѓето во регионот, соопшти дека неименувани извори блиски до Кадиров потврдиле дека Зелимхан Бакаев бил убиен по негова наредба по средбата на двајцата во 2017 година, пренесува Телеграф.

Кадиров наводно бил бесен кога открил дека се ракувал со хомосексуалец кога дознал за сексуалноста на Бакаев по состанокот, кога чеченскиот лидер го угостил бендот на уметникот и двајцата заедно се фотографирале.

„Шефот на регионот ја сфати хомосексуалноста на Бакаев како лична навреда и им нареди на [неговите сили] да се „справат“ со пејачот, кој беше мачен пред да умре“, цитира SOS Северен Кавказ неименуван извор.

Телото на Бакаев подоцна било предадено на неговото семејство, на кое му било кажано „да го закопаат како куче“, според СОС Северен Кавказ.

Зелимхан Бакаев исчезна во август 2017 година откако ја посети Чеченија за свадбата на неговата сестра
Пејачот живееше во Москва и се здобива со популарност во Русија пред да исчезне во август 2017 година, откако ја посети Чеченија за да присуствува на свадбата на неговата сестра.

Групите за човекови права тогаш предупредија дека тој најверојатно бил мета како дел од смртоносната анти-геј чистка што се спроведува во регионот, кој има претежно муслиманско население.

Неговото исчезнување предизвика избезумено пребарување од роднините кои сакаа да го пронајдат.

Случајот брзо привлече меѓународно внимание и како што се зголеми притисокот врз официјалните лица да се фокусираат на пронаоѓање на Бакаев, анонимен канал на Јутјуб објави видео со пејачот, тврдејќи дека тој е жив и здрав во Германија.

Неговото семејство сепак фрли сомнеж во вистинитоста на видеото, бидејќи на него се гладаше  дека има мебел од руско производство и безалкохолен пијалок произведен во Чеченија.

Неколку месеци подоцна, пред да се појават какви било извештаи за смртта на Бакаев, Кадиров на чеченската телевизија тврдеше дека најверојатно бил убиен од неговото семејство поради „непримерно однесување“.

Чеченскиот лидер, кој негираше дека играл каква било улога во анти-ЛГБТ чистката во неговиот регион, исто така го нарече пејачот – „суштество“.

Семејството на Бакаев негираше дека има било каква улога во неговата смрт.

Анти-геј чистките во Чеченската Република, дел од Руската Федерација, вклучија присилни исчезнувања – тајни киднапирања, затворање, тортура – и вонсудско убивање од страна на властите насочени кон лица врз основа на нивната перцепирана сексуална ориентација, првенствено геј мажи. Најмалку 2 од 100-те луѓе, кои властите ги приведоа под сомнение дека се хомосексуалци или бисексуалци, наводно умреле откако биле затворени во, како што ги нарекоа групите за човекови права и очевидци, концентрациони логори.

Наводите првично беа пријавени на 1 април 2017 година во Новаја Газета, опозициски весник на руски јазик, кој објави дека од февруари 2017 година над 100 мажи биле приведени и мачени, а најмалку тројца умреле во вонсудски убиства. Весникот, повикувајќи се на свои извори во чеченските специјални служби, го нарече бранот притворања „профилактичко чистење“.

Како резултат на апсолутна неказнивост за немилосрдната голема анти-геј чистка во пролетта 2017 година, во Чеченија продолжуваат да се спроведуваат незаконски притворања, тепања и понижувања на мажи за кои претпоставуваат дека се геј или бисексуалци, соопшти денеска Хјуман рајтс воч во мај 2019 година.

Хјуман рајтс воч интервјуираше четворица мажи кои беа притворени од три до 20 дена, помеѓу декември 2018 и февруари 2019 година, во комплексот на Одделот за внатрешни работи во Грозни. Тамошните полициски службеници ги клоцале со чизми, ги тепале со стапови и цевки од полипропилен, а тројца од четворицата ги мачеле со електрошокови. Еден бил силуван со стап. Тврдењата на мажите се во согласност со извештајот за криминал поднесен на 29 јануари до главната истражна агенција на Русија од страна на руската ЛГБТ мрежа (лезбејки, геј, бисексуалци и трансродови), истакната група за правата на ЛГБТ, која наведе дека во декември и јануари, полицијата во Грозни, главниот град на Чеченија, собрал и малтретирал 14 мажи. Извештајот сугерираше дека вистинскиот опсег на притворите е поширок.

Во 2017 и 2019 година, чеченските власти оркестрираа смртоносни чистки на мажи за кои се сметаше дека се геј или бисексуалци. Наградуваниот документарен филм „Добредојдовте во Чеченија“ детално го прикажува чистката и го документира искуството на лезбејките, чии ужасни искушенија обично ги овековечуваат членовите на семејството.

Руската ЛГБТ мрежа објави дека во мај 2021 година, мажи кои зборувале чеченски го киднапирале Ибрагим Селимханов во Москва и насилно го вратиле во главниот град на Чеченија Грозни, каде што властите го испрашувале за геј луѓето во регионот. Ова е последното поглавје во немилосрдните напади во Чеченија врз сексуалните и родовите малцинства.

Владините критичари и другите непожелни лица во Чеченија ризикуваат одмазда од безмилосниот безбедносен апарат, со слаби можности за регрес. Властите ги контролираат практично сите аспекти на општествениот живот, вклучително и политиката, религијата, академскиот дискурс и семејните прашања.

Драган Мишев

Tags: ЛГБТИ праваРамзан КадировтортураубистваЧеченија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ