Како Радев му помага на Мицковски?
Министерот за надворешни работи на Бугарија денес во изјава, пренесена од сите македонски медиуми, вели дека земјава не мора да брза за промена на Уставот – кога ќе го сменела Уставот, преговорите ќе продолжеле.
Целта на оваа изјава е само давање на простор на Мицковски и неговите пријатели од Софија да работат на одложување на промените на Уставот – притискани се и едните (ДПМНЕ) и другите (антимакедонистите во Софија) од членките на Унијата и од Вашингтон и тие си купуваат време, во доба кога се приближува крајниот рок на задачата која ни ја даде Брисел (ноевмри2023 г.). Колку валкано, перфидно и колку е јасен показателот за релациите Скопје – Софија кај некои политички елити!, коментира во Фејсбук објава новинарот и аналитичар Љубомир Костовски.