Институтот за човекови права организира завршна конференција и дискусија на тема „Каков Судски совет му е потребен на македонското општество?” на 27 март, во хотел Холидеј Ин со почеток во 11 часот.
На настанот ќе се промовираат заклучоците и препораките од Анализата за транспарентноста, отчетноста и ефективноста на работата на Судскиот совет на РМ како и заклучоците од петтиот квартален извештај за работата на Судскиот совет за периодот декември 2017 г. – март 2018 г.
На почетокот на конференцијата ќе зборуваат Маргарита Цаци Николовска, претседателка на Институтот за човекови права и Н.Е. Чарлс Едмунд Гaрет, Британски Амбасадор во Македонија.
ЦМ