• Latest
Фото: МИА

Камбовски: Разрешување на Судскиот совет е комплексно прашање и може да значи мешање во судската власт

June 25, 2024

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Камбовски: Разрешување на Судскиот совет е комплексно прашање и може да значи мешање во судската власт

June 25, 2024 14:05
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Прашањето за разрешување во целина на Судскиот совет е доста комплексно и не е едноставно, бидејќи ако го разрешите Судскиот совет со закон, тоа е големо прашање дали така може уставни тела да бидат разрешувани со обични закони во целина, како и тоа дека ќе значи мешање во судската власт т.е. во автономното право на судиите да ги избираат своите членови во Судскиот совет, вели академик Владо Камбовски.

Камбовски, кој раководеше со работната група за реформа на Судскиот совет, согласно препораките на Оценската мисија на ЕУ, вели дека фокусот сега треба да се насочи во рамки на оние предложени решенија за зајакнување на одговорноста на членовите и процедурите што се таму предвидени за обезбедување на објективни постапки за избор на членови, транспарентност, одговорност, отчетност на работата на Судскиот совет.

–  Законот обезбедува механизми како може не само самото Собрание, туку и други иницијатори на таа постапка да доведат до одговорност и  разрешување на член на Судскиот совет за разлика од еден период кога фактички имавме еден неверојатен имунитет на членовите на Судскиот совет, тоа беше тело кое не одговараше пред никого и де факто и процедурите на покренување на постапки, иницијативи за утврдување на одговорност и разрешување не беа законски добро уредени. По мое мислење затоа треба да се оди по тој пат, да не се пребрзува со некои такви решенија. Се сеќавате дека на почетокот на онаа претходна влада имаше најава дека ќе дојде до генерален реизбор на сите судии. Лесно е да ги разрешите сите, но проблемот е после каде и како на кој начин ќе ги изберете оние кои треба да бидат на тие места, изјави Камбовски пред почетокот на завршната конференција на проектот „За правда – Граѓанските организации за независно и ефикасно правосудство“.

Според Камбовски, кога се излегува со идејата за разрешување на целиот Судски совет, треба да се има предвид дека тој е во основа составен така што има доминација на членови од редот на самите судии и на тој начин е даден поширок простор за фактичка активност на тоа тело за заштита на независноста и самостојноста на судството.

– ЗСамите судии кои се во мнозинство треба во прв ред да се загрижени или заинтересирани, обврзани да ја заштитуваат својата сопствена независност, непристрасност и самостојност. И од друга страна, состав од пет членови кои овозможуваат сепак да не дојде до некоја авторитарна позиција на самите судии во однос на целиот судски систем, туку да се овозможи и извршната власт, а тоа е Претседателот како дел од извршната власт, односно Собранието, да имаат допир, увид, па на некој начин и согледби кои се неопходни за постапување на извршната власт и Собранието во поддршка на независноста и самостојноста на судството. Затоа е тој така компониран, рече Камбовски.

Но, исто така, нагласува Камбовски, треба да се најде механизми како да оневозможи преку овие членови на Судски совет што ги избира Собранието да дојде до, како што вели „активни живи непосредни политички или партиски влијанија врз работата на судовите.

Камбовски, потсети дека уште во октомври минатата година, после Оценската мисија на ЕУ беше формирана широка работна група за измени на постојниот Закон за Судски совет и донесување на нов закон врз основа на препораките кои делумно се однесуваа на измени на Законот, а делумно на неопходни уставни промени кои треба да ја зајакнат улогата на Судскиот совет како независно тело кое треба да ја гарантира самостојноста и независноста на судството.

–  Таа работна група доста интензивно работеше во сите овие месеци и пред повеќе од два месеци ја заврши својата работа и подготви една нова верзија, нов закон за Судскиот совет кој е прикачен на ЕНЕР и е достапен на јавноста и во тој нов закон се токму фокусирани, извлечени оние прашања кои се однесуваат точка по точка на препораките на Оценката мисија, изјави Камбовски.

Како што појасни тие главно се однесуваат и на актуелните прашања околу одговорноста на членовите на Судскиот совет и постапките за нивна одговорност, дисциплинска одговорност или постапка на разрешување, потоа на изборот на членовите на Судскиот совет и тоа помалку во однос на изборот од редот на судиите, а повеќе од редот на членовите што ги избира Собранието или по предлог на Претседателот на државата.

–   Мислам дека се предложени решенија кои во се’ се поклопуваат со изнесените сугестии од страна на Оценската мисија. Во однос на изборот на членовите од страна на Собранието се предлага почитување на уставната одредба според која во Судскиот совет треба оние пет члена да се избираат од редот на универзитетски професори по право, адвокати и други истакнати правници што не е случај со постојниот Судски совет. И второ, да се избираат во постапка која е аналогна, соодветна на постапката на избор на членови на ДКСК што исто така денеска не е случај, изјави Камбовски.

Во препораките, нагласи Камбовски, биле содржани критички забелешки за работата на постојниот Судски совет кои се познати, но не било содржано никакво децидно изразено мислење дека постојниот Судски совет треба да се разреши.

Извор: МИА

Tags: КамбовскиСудски совет
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ