• Latest

Кампања „Светлина за Украина“ за поддршка на Украина во купување на критично потребни генератори за болниците

December 16, 2022

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
Град што се обновува и живее (илустрација генерирана со вештачка интелигенција, ChatGPT/OpenAI)

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

Изборите во БиХ ја потврдија поларизацијата: Додик останува фактор на нестабилност, европскиот пат неизвесен

October 5, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Како националниот идентитет стана штит за академската просечност

October 5, 2026

Студентите во новата академска година: Многу очекувања и проблеми, малку одговори

October 5, 2026
Урсула фон дер Лејен, Албанија, турнеја низ Западен Балкан, 1 октомври 2026 (фото: EU debates - eudebates.tv)

По турнејата на Фон дер Лајен низ Западен Балкан: Кој забрзува, а кој стои во место?

October 5, 2026
Кијив, окт. 2026

Деноноќен руски терор врз цивилите во Украина: Погодени мостови и домови, има загинати и повредени

October 4, 2026

Србија на раскрсница: Кога лидерот станува систем, а изборите борба за спас

October 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Кампања „Светлина за Украина“ за поддршка на Украина во купување на критично потребни генератори за болниците

December 16, 2022 14:11
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Кампањата „Светлина за Украина“ на UNITED 24 и Министерството за надворешни на Украина за поддршка на Украина во купување на критично потребни генератори за болници нуди моќно искуство кое ќе ја сигнализира солидарноста на светот со народот на Украина и ќе придонесе за реална поддршка на Украина. Како датум за почеток на кампањата одреден е  19 декември, Денот на Свети Никола во Украина.

За време на празничните денови, кога секоја улица низ светот ќе биде осветлена со новогодишни светилки, Украина ќе биде свртена кон најпредизвикувачкиот период од војната.

„Го покануваме светот симболично да ја „подари“ својата светлина на Украинците.“

Целта е да се привлечеме вниманието на меѓународната заедница за руските терористички напади, кои нанесоа штети и до 50% од енергетската инфраструктура на Украина и оставија повеќе од 10 милиони луѓе без струја.

Поради постојаните напади на енергетската инфраструктура, украинските лекари мораат да спасуваат животи и да вршат сложени операции со фенерче.

Фото: Операција на срце во Институт за срце, 23 ноември 2022 година, фотографија од Борис Тодуров

Со оваа кампања се поддржува критичната инфраструктура на Украина со собирање средства за купување на генератори, електрични ѕидови итн.

Во знак на солидарност со нашата земја, познати згради осветлени од илјадници светла во текот на ноќта, како и најпознатите концертни сали и арени во светот за време на нивните емисии, одеднаш ќе ги изгаснат светлата.

Предлагаме да го исклучите светлото само една минута, по што гласно ќе и се обратиме на jавноста со порака во која се објаснува што се случува и се повикуваат сите да ја поддржат Украина. Една минута со која може да пренесете што чувствува секој Украинец во моментов.

Првото место што се согласи да се приклучи на нашата кампања е легендарната Карнеги Хол. Местото ги исклучи светлата на 4 декември 2022 година, за време на Прославата на 100-години од претставата „Карол на ѕвоната“.

Фото: Карнеги Хол

Опциите за имплементација на кампањата, во зависност од техничките капацитети се следните:

Едноставно: светлата (го осветлуваат зградата/местото) се исклучуваат за 1 минута, потоа, ако е можно, местото се осветлува со сина и жолта светлина  за 1 минута.

Напредно: светлата (што ја осветлуваат зградата/местото) се исклучуваат за 1 минута, потоа, ако е можно, местото се осветлува во сино и жолто околу за 1 минута, и во зависност од технички капацитети се продолжува со:

1) аудио порака од претседателот на Украина / UNITED24 во која објаснува што се случува и повикува за поддршка на Украина

2) видео порака од претседателот на Украина / UNITED24  каде што објаснува што се случува и повикува за поддршка на Украина, и се става QR-кодот екранот

3) QR код што води до собирање средства за поддршка на генераторите за Украинските болници се ставаат на екранот со CTA, на пр. Донирајте сега за напојување на украинските болници.

UNITED24 e официјалнa платформа за прибирање средства на Украина лансирана од Претседателот Зеленски. За 7 месеци се собрани 245 милиони долари, со донации од над 110 земји.
100% од собраните средства одат на официјалните сметки на Народната банка на Украина за покривање на проверените потреби.
Амбасадорите на UNITED24 се: Imagine dragons, Марк Хамил, Барбра Стрејсенд, Демна Гвасалија, Скот Кели, Лиев Шрајбер, Андриј Шевченко, Елина Свитолина, Олександр Усик, Тимоти Снајдер.

Подготви: Д. Мишев

 

Tags: руски терористички нападисолидарностУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ