Бевме сведоци дека Европејците беа во паника во првите денови од агресијата исчекувајќи ги со страв следните чекори од Москва, вели Аднан Капо, експертот по геополитика, економија и безбедност во интервју за ЦИВИЛ Медиа.
„Европскиот конформизам е разнишан и настапи шок помеѓу жителите и европските политички лидери. Сепак, дојде до забрзана консолидација на членките на НАТО и заземен е единствен став во кој е осудена руската агресија што е пропратено со воведување тешки санкции кон Русија. Про-руските политичари во ЕУ одеднаш замолчеа, додека значењето на НАТО, за кое пред пар години, претседателот на Франција Емануел Макрон изјави дека е клинички мртов, преку ноќ порасна и стана по потребен од кога било. Во овој момент сојузот помеѓу САД, Велика Британија и ЕУ е многу стабилен. Се покажа дека Америка и е потребна на Европа како никогаш по Втората светска војна, а списокот со отворени прашања меѓу Европската Унија и Велика Британија е потисната на страна.“
Целото интервју можете да го прочитате на следниот линк: