Откако се појави фотографија од специјалната јавната обвинителка, Катица Јанева, дека е на одмор во грчка плажа, имаше низа коментари, во смисла „село гори, Катица се сонча“…
Сепак, нашиот истражувачки новинар кој наводно се сонча на плажа, откри дека всушност Јанева таму е на тајна задача, односно ги набљудува македонските политичари и бизнисмени кои се одмор.
„Дојдов на оваа плажа бидејќи дознав дека многу македонски политичари и бизнисмени ќе престојуваат тука. Сакам да сум во тек со настаните и лично да собирам докази и морски школки. Веднаш ќе бидат уапсени ако ги пречекорат законите и прописите кои ги налага грчката плажа. Теренот требаше да ми го подготви Боки 13, меѓутоа беше приведен на граница…“, додава Јанева и замоли да не ја издадеме, да не се уништи задачата.
Катица ни се довери дека има проблеми со синусите и дека секој ден шмрка од морската вода и дека многу и помага!
„Водата ми го исчисти носот, сега подобро може да ги намирисам криминалците, без разлика каков скап парфем користат!“, рече таа.
007
Оградување, одбрана и заштита: Секоја сличност на овој текст со реалоноста е (не)намерна.