• Latest
Војо Маневски

Ќе се вложуваат ли пари во образованието?

May 31, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани – родителите на починатите деца побараа одговори од МВР, УЈП и од Обвинителството

June 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
BFBS Forces News

Американски бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан

June 21, 2025

„Ограничена мобилност“ – уметничка акција што ги открива секојдневните предизвици на лицата со попреченост во Скопје

June 21, 2025
Hungry child in Gaza - Image by Anadolu Agency

УНИЦЕФ: Кризата со горивото ја продлабочува секојдневната борба за семејствата, доколку не се прекине блокадата на горивата во Газа, децата ќе умираат од жед

June 21, 2025
Бранко Тричковски

Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

June 21, 2025

Турските влечни хаубици БОРАН испорачани во Македонија

June 21, 2025

Седум новинари осудени во најновата шокантна акција против слободата на говорот во Азербејџан; Амнести интернешнл ја повика меѓународната заедница да извршои притисок врз азербејџанските власти

June 21, 2025

САД го зголемува воздушното присуство околу Блискиот Исток како припрема за евентуално вклучување во израелско-иранскиот конфликт

June 21, 2025

Про-палестинскиот активист Калил Махмуд од Универзитетот Колумбија ослободен од имиграцискиот затвор по три месеци

June 21, 2025

Албанската политичка сцена во Македонија се престројува пред изборите – нови сојузи, стари ривалства

June 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Ќе се вложуваат ли пари во образованието?

May 31, 2025 10:41
in ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Најавените милијарди евра што ќе сме ги трошеле во разни проекти во следните десет години би требало да го преокупираат јавното мнение. Имам впечаток дека освен академските дебати за правната основа и проектите во кои би требало да се вложат големи средства, некако обичниот свет и не се возбудува. Разбирлива е неговата недоверба во политичките ветувања и најави за големи дела. Барем во тоа се богати нашиве граѓани. Да се реализираше добар дел од ваквите ветување денес ќе живеевме подобро. Се навикнаа нашите граѓани на сѐ и сешто од политичките гарнитури и сега сѐ примаат со резерва. Освен кога треба да гласаат за „нашите“ и да ги мразат „туѓите“, ама тоа е веќе во сферата на колективните трауми и терапии.

Најавени се големи проекти во инфраструктурата во здравството а најави има дека ќе се инвестира од „британките“ и во други проекти. Не слушнавме засега само колку ќе се инвестира во образованието. Потребни се вложувања во условите во кои се одвиваат наставите но најпотребно е да се направат реформи во самиот процес на образование.

И покрај сите најави до сега, малку е направено во осовременување на програмите и нивното прилагодување на потребите од современи знаења и вештини. Мора да се каже дека и кај граѓаните има своевиден отпор кон реформите во образованието. Како да се навикнавме сите на неговата формалност а не суштина. Некогаш се бунат наставниците неспремни за нови облици на изведување на наставата и нови знаења а некогаш и родителите кои исто се неспремни за истото. Децата секако никој и не ги прашува.

Она што во една најавена реформа на основното образование требаше да биде носечки столб беше и воспитувањето на децата во современи етички рамки и вредности. Ова пропадна како и многуте други најавени реформи низ партиска и примитивна какофонија без вистинска дебата и аргументација. Денес тешко дека може и стручно да се детектира што е основната вредност во која веруваат  децата кога завршат основно образование. Можат ли и самите да ги насетат талентите што ги поседуваат или се останува на родителите и нивната проценка. Ако овде се осмисли програма и со добра подготовка се реализира во основното образование секој денар што ќе се вложи ќе се исплати повеќе одошто од стотина километри брза пруга. За поголемата кохезивност на заедницата и да не зборуваме. Тоа ќе биде како да сме се качиле на месечината.

Имавме најава за реформи во гимназиското образование но тие засега се вплеткаа во административни процедури . Да не се лутиме многу на образовната администрација во МОН .Само да се потсетиме на веќе три децениската партизација и веднаш ќе ни биде јасно дека таму и покрај сите најави тешко дека има вистинска стручност за големи реформи. Дуалното образование како реформа се провлекува во најава и делумна реализација веќе скоро две децении. Охрабрувачки е само во некои сектори каде тоа дава резултати. Засега најмногу во туристичко угостителскиот сектор ама слаба вајда имаме од тоа кога завршените ученици веднаш вадат пасош и правец странство. Тој процес е загрижувачки ако се има предвид бројката на наши млади кои сега своето знаење го покажуваат во Хрватска  или Ц. Гора.

Околу реформите во високото образовани засега како да има колективна согласност дека таму тешко дека ќе се направат измени за подобар квалитет. Државните универзитети само трупаат програми кои најчесто се триплираат а квалитетот на знаењето опаѓа според сите истражувања.

Приватните високошколски установи засега се потврда дека ниту хегеловите постулати за соодносот меѓу квантитетот и квалитетот завршува со квалитет. Од тој логичен след засега имаме само квантитет. За квалитет изгледа ќе почекаме или ќе докажеме дека како заедница сме надвор и од признатите логики постулати.

Приватните универзитети се задржуваат најмногу на општествените гранки на науката без да инвестираат во истражувачки лаборатории во проекти на иноваторство или етаблирање на нивните професори во светските списанија на објавени трудови .  Како да се задоволни од издавање на дипломи за кадри на партиските подмладоци кои ја полнат администрацијата. Овде воопшто и не е важно дали се легални или само формално легални дипломите. Слична им е тежината и на едните и на другите а богами и употребната вредност. Е овде е вистинскиот проблем зошто со вакви знаења кадрите кои ги заземаат местата во администрацијата треба да прават реформи во образованието . Од ништо нешто не се прави или сме измислиле некоја нова законитост во физиката.

Државните универзитети секоја година имаат се помалку студенти а го зголемуваат бројот на студиски програми. Некако нелогично звучи.

И овде проблемот е сличен . Општествените студиски програми преовладуваат а за нив нема вработување. Пр.  каде ќе се вработат толкав број студенти што студираат меѓународно право и дипломатија? Професорите се демотивирани да истражуваат и некако сите се вклопуваат во апатијата и просечноста. Ако се вложат пари во истражувачки центри во техничките, информатичките науки ,веројатно ќе се најдат и кадри кои ќе ја опслужуваат таа брза железница или возовите ќе ни ги возат мигранти што УК ќе ни ги дислоцира.

Околу нас се градат згради колку сакаш. Се запрашавме ли колку наше домашно знаење е вложено во проектирање и изведба. Во иновативност со современи материјали и статичка одржливост на објектите? Ете каде би можеле да вложиме дел од „британките“.

Идеи има многу а најважно е да се започне јавната дебата за целите во реформите во образованието и врз политички консензус да се започне со темелна реформа во сите стадиуми на образовниот процес. Еве мој предлог за градење на меѓу партиско единство. Само да не се скараат кој има во своите редови повеќе носители на сомнителни сертификати и дипломи.


Текстот е личен став на Авторот

Print Friendly, PDF & Email
Tags: британски париВојо Маневскиобразование
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Лаги

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Напад со „валкана бомба“: Можен следен потег на Иран против Израел

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ