• Latest

Кина бара од големите банки да ги приспособат купувањата во долари за да го ублажи надолниот тренд на јуанот

September 15, 2023

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Кина бара од големите банки да ги приспособат купувањата во долари за да го ублажи надолниот тренд на јуанот

September 15, 2023 13:16
in ЕКОНОМИЈА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Кинеската централна банка побара од некои од најголемите кредитори во земјата да се воздржат од итно квадратирање на нивните девизни позиции на пазарот и да имаат отворени позиции некое време со цел да се ублажи надолниот притисок врз јуанот, известува Ројтерс цитирајќи два извори запознаени со ова прашање.

Како дел од овие неформални „насоки за прозорци“, од банките е побарано да не ги средуваат своите позиции на меѓубанкарските девизни пазари по секоја продажба во американски долари на клиентите, додека нивната девизна позиција не достигне одредено ниво, велат изворите.

На повеќето банки им е дозволено да водат нето кратка или долга девизна позиција на пазарите на спот долар-јуани, во дефинирани граници.

Потегот ефективно би значел дека некои од големите купувања во долари од компаниите ќе бидат апсорбирани од банките и ќе останат на нивните конта извесно време, со што делумно ќе се намали надолниот притисокот врз опаѓачкиот јуан.

Директивата дојде од состанокот на Народната банка на Кина (PBOC) одржан со неколку комерцијални банки претходно оваа недела, велат изворите. На банките им беше кажано дека компаниите кои бараат да купат 50 милиони долари или повеќе ќе треба да побараат одобрение од централната банка, објави Ројтерс.

Како што анализира Џастин Лоу од Форекс Лајв, треба да се има предвид дека сето ова е прилично неформално упатство кое може да се направи само на не толку „слободен пазар“.

Бев на тргување кога тоа беше направено во мојата земја во минатото, и замислата дека тоа се случи ги натера локалните власти да изгледаат во најмала рака крајно аматерски, вели Лоу.

Во суштина, она што Кинезите го прават овде е обид да побараат од банките да ги апсорбираат купувањата во долари од фирмите и да ги задржат пред само да се вратат на пазарот за да ги израмнат тие позиции подоцна во текот на денот. Тоа барем привремено ќе го намали притисокот врз валутата на јуанот, но би било интересно да се види со која стапка ќе го направат тоа.

Во моето претходно искуство, вели Лоу, девизниот курс исто така беше поделен на копнениот и офшор пазар. Во тој пример, копнениот пазар беше претежно контролиран од централната банка и тие диктираа колкава стапка треба да се пресметаат тие позиции на крајот на денот, односно веќе поставија граница за да не дозволат девизниот курс да надмине одредена точка со вербално предупредување. (неофицијално  работење).

Кога ќе го сведочите од прва рака, знаете дека има вистински проблеми со подготовката. Во времето кога бев на тргување, единственото нешто на што можев да помислам беше да им кажам на сите да излезат од локалната валута и да ја преместат на друго место. Можам да замислам дека тоа би можело да биде она што се провлекува низ главите на кинеските трговци кога Народната банка на Кина станува толку очајна, посочува Лоу.

Како што објави предходно Цивил Медиа, прозорецот за кинеска акција се повеќе се затвора со постојаниот прилив на лоши економски вести. Јуанот е на најниско ниво во однос на доларот од 2007 година, извозот се намалува, имотниот сектор е заглавен во лоши долгови, а прогнозата за раст на владата е „околу 5%“, најниска во последните децении;

Драган Мишев

Tags: американски доларјуанКинаНародна банка на Кина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ