• Latest

Кирацовски: В недела масовно да ја поддржиме евроатлантската интеграција на Македонија

September 25, 2018

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кирацовски: В недела масовно да ја поддржиме евроатлантската интеграција на Македонија

September 25, 2018 14:14
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

 В недела, 30 септември, одлучуваме за нашата и иднината на нашите деца. Имаме историска шанса да ги реализираме нашите стратегиски интереси, влез во Европската Унија и во НАТО, истакна генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, при денешната посета на Вевчани.

Потсетувајќи на придобивките од евроатлантската интеграција на земјата, тој ги повика вевчанци да излезат масовно и да гласаат „за“ европска Македонија.

– Никој нема право да ја бојкотира нашата иднина и иднината на идните генерации. Свесен бојкот е свесно попречување на европскиот пат по кој сите ние патуваме повеќе од 25 години. Бојкотот е неодговорно опструирање и искривување на судбината на мнозинството граѓани, кои овој историски референдум го чекаа со децении. Вакво неодговорно однесување не смее и нема да се земе предвид. Затоа секој треба да излезе да гласа и со тоа да одлучи за иднината на Македонија. Одлучува само оној што во вистинско време излегува на местото каде што се донесува одлуката, само со излегување и со гласање може да се влијае на одлуката, нагласи Кирацовски.

Навраќајќи се на договорот со Грција, подвлече дека тој е гаранција за влез на Македонија во ЕУ и во НАТО, но истовремено го потврдува и нашиот македонски идентитет.

– Ние сме Mакедонци и секогаш ќе бидеме Mакедонци. Нашиот македонски идентитет и јазик, нашите граници, знаме и химна засекогаш ќе бидат признаени и заштитени од целиот свет. Со прифаќањето на договорот го расчистуваме патот до ЕУ и до НАТО и го зајакнуваме македонскиот идентитет, изјави Кирацовски.

Генералниот секретар на СДСМ оцени дека кај вевчанци се гледа расположение за масовна излезност, посочувајќи дека помалите општини и руралните средини ќе добијат повеќе средства од ЕУ-фондовите, со цел да се усогласат условите со европските или со поголемите градови.

По средбата со граѓаните на Вевчани, Кирацовски денеска ќе има средби и со жителите на Преспа, каде што ќе ги пренесе придобивките од членството на Македонија во ЕУ и во НАТО и ќе ги повика преспанци да излезат в недела и да го дадат свој глас „за“ европска Македонија.

Tags: Александар КирацовскиВевчаниЕУМакедонијаНАТО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ