• Latest

Кога Груевски е во Крушево, не смее ни врапче да прeлета без дозвола на активистите на ВМРО-ДПМНЕ!

July 11, 2016

Костовски: Едноставно, ние на Европа ѝ велиме – не нè интересира Унијата

June 14, 2025

Иран се заканува со затворање на Ормускиот теснец – излез на Персискиот залив и една од најважните геостратешки точки во светот

June 14, 2025

Би-Би-Си: Крајната цел на Израел може да биде промена на режимот во Иран, но под голем ризик

June 14, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Дерала: Во земја без море, родена е спасителката на океаните, од Кичево до Пацификот

June 14, 2025

„Марш за ангелите“ денеска во Кочани во 18:05 часот -„Пожарот не беше несреќен случај, туку масовно убиство“ велат семејствата на жртвите

June 14, 2025

„Техеран ќе гори“: Израелскиот министер за одбрана го предупредува Иран за ракетните напади

June 14, 2025
Ракетен ирански напад на Тел Авив. Фото: Скриншот

Иран ги предупреди САД, Велика Британија и Франција да не помагаат во спречувањето на иранските напади врз Израел

June 14, 2025

Папата Лео апелира за разумност и дијалог по воздушните напади меѓу Израел и Иран

June 14, 2025

Хил: САД повеќе нема да интервенираат како досега, Косово и Србија треба сами да ги решат своите проблеми

June 14, 2025

Украина репатрира уште тела од паднати војници во голема размена со Русија

June 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Кога Груевски е во Крушево, не смее ни врапче да прeлета без дозвола на активистите на ВМРО-ДПМНЕ!

July 11, 2016 13:22
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски, по враќањето од свадбата во Италија, викендов беше во посета на Крушево. За време на неговата посета, активистите од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Крушево, насилно го симнаа транспарентот од седиштето на ОО на СДСМ во Крушево, на кој пишуваше „Шутка не ти бега, Никола!”

„Вработени во полиција и во шумарство, како поттикнувачи на ваквиот нецивилизиран чин, а извршувач е УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Крушево“, обвинуваат од СДСМ.

transparent 2

И како овој вандалски чин да не бил доволен, активистот и долгорочен набљудувач на ЦИВИЛ Центар за слобода, Сотир Габелоски од Крушево, во саботата бил нападнат од активистите на ВМРО-ДПМНЕ, додека го чекале Груевски да го посети градот.

13327518_10206233193644229_4922367779894822307_n

„Лице вработено во државно претпријатие и близок член на ВМРО-ДПМНЕ од Крушево, користејќи пцости и изрази како – ‘Ќе ти ја извадам душата ако напрај’ш некој кикс!’, беше решен физички да ме нападне додека околу него, грбот му го чуваа членови на ДПМНЕ кои беа собрани да го пречекаат нивниот лидер, Никола Груевски. Градоначалникот Ѓорѓи Дамчески и претседателот на ОО на ВМРО-ДПМНЕ од Крушево, Нико Чонески да си ги смират своите горили кои мислат дека се сопственици на градот и да понесат одговорност за овие настани. Ова е срам за градот, ова е срам за крушевчани, ова е срам над срамовите!“, напиша на својот блог Габелоски.

Од општинската организација на СДСМ од Крушево велат дека нервозата и паниката на послушниците на Груевски најдобро се манифестираа со симнувањето на транспарентот. Тие посочија дека Груевски не можел да ги посети најавените, но нереализирани проекти.

13600108_10154282484297716_5413558131066273449_n

„Тоа што насилно го симнаа транспарентот ‘Шутка не ти бега Никола!’ нема да ја промени реалноста. Одговорност за криминалите ќе има! Груевски не можеше да ги посети ветените тениски игралишта, затворениот базен, фабриката за доматно пире, новата спорстка сала, трговскиот центар, старскиот дом и други… Затоа што сите овие пропаднати проекти се негови пропаднати ветувања!“, велат од СДСМ, Крушево.

Од СДСМ обвинија дека Крушево во 21 век живее без многу работи што се насекаде нормални, а младите го напуштаат градот оти повеќе не може да ги чекаат виртуелните инвестиции – ветени од Груевски.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Збогум НиколаКрушевоНикола ГруевскиСДСМскинат транспарентСотир Габелоски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    477 shares
    Share 191 Tweet 119
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    215 shares
    Share 86 Tweet 54
  • УНХЦР: Во светот има 122 милиони насилно раселени лица

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Османи до Мицкоски: Можеш да вреѓаш, да се закануваш, да фрлаш клетви и анатеми, да колнеш, но, ние Албанците не сме гости во оваа земја туку домаќини

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Предлогот од ЛДП за воведување една изборна единица на 53. седница на Собрание

    97 shares
    Share 39 Tweet 24

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ