ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
Она кога заканата „куршумот кај и да е ќе те стигне“ според ОЈО е „новинарско препукување без конкретна намера и цел да се упати закана“, или – она кога новинарите се глинени гулаби поставени на ѕидот за отстрел токму од нашиот правосуден систем.
За што конкретно станува збор.
Внимавајте добро, за нашето Јавно обвинителство „куршумот кај и да е ќе те стигне“, не е конкретна закана.
Обвинителството понатаму вели дека не можело да ја лоцира точната ИП адреса од каде што е испратен коментарот и обвинителот оценил дека „нема место за јавно обвинителско постапување“.
Цели 9 месеци ревносното ОЈО не можело да лоцира ИП адреса, драги мои.
Ако ова значи дека обвинителството не можело да го идентификува лицето што ја напишало заканата, тогаш како побогу обвинителот заклучил дека извесниот Александар Антиќ е новинар, зошто нели во образложението стои дека е „новинарско препукување“.
Многу интересна е и забелешката „…ниту да се заплаши било кој, особено не авторот на текстот“.
Како бе јавен обвинителе „особено не аворот на текстот“?
Што требало да напише заканувачот? – „Ти Џабир Дерала со ЕМБД 000001999100 место на живеење ул. Датибамиобвинителствоисудскисистем бр. 007, роден на тој датум… Биди видлив гнидо, куршумот кај и да е ќе те стигне“. Така ли требало А. Антиќ да напише за да не биде „особено не авторот на текстот“?!
Олку дупки во десет реда јавно-обвинителско образложение, речиси невозможно е да се напишат, но ете нашето ОЈО ревносно го демантира невозможното
Погледнете го документот потпишан од јавниот обвинител Анел Фидоски:
Каква порака ОЈО испраќа со вакво образложение до оние кои им се накрвиле на новинарите што не им се по ќеф? – „Стрелајте слободно другари! Испуканиот куршум не е доказ за убиство. А ако не може да се идентификува од кој пиштол е испукан нема да го земеме во предвид ни под разно“.
Каква пак порака испраќа молкот на новинарските здруженија: ЗНМ, ССНМ… на вакви скандалозни одлуки против истакнати новинари, уредници, колумнисти…. е една сосема друга мачна тема.
Ајт…!
Текстот е личен став на Авторот. Извор: Фронтлајн