• Latest
Џабир Дерала

Кога седиштата ќе останат празни

October 1, 2021

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Кога седиштата ќе останат празни

October 1, 2021 13:45
in ДНЕВНИК, ЕДИТОРИЈАЛ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Кога се случуваат сериозни процеси и настани, тоа што на малкумина им текнува е дека и општеството има граници на издржливост. Притисокот и ударите од неуморните пропагандни машинерии, беспоштедната и бескрупулозната борба за моќ, за пари, за влијание до последниот квадратен сантиметар во сите области – го трошат општеството. Во еден миг, општеството ќе застане, ќе замре.

Во едно такво, замрено општество, луѓето стивнуваат, се повлекуваат и стануваат недоверливи, себични и исплашени – за да преживеат. Кога вредностите, амбициите, сништата и плановите на луѓето се предолго под ударот на пропагандата од центрите на моќта, луѓето почнуваат да мислат на преживување, а не на живеење. Тогаш, општеството умира, тогаш животот престанува, а останува само преживувањето.

Кога во општеството имате политички партии кои го окупирале секој и најмал простор за дејствување, престанува секаква надеж за напредок. Бизнисот, црквата или џамијата, медиумите, културата и уметноста, образованието и спортот, сите се лепат на малите елити во големите партиски структури. Тогаш престанува критиката, а почнува диктатурата, мека, тврда, насилна, недопечена, средно печена или прегорена.

За да го избегнат тој тврд термин, а и затоа што еталонот за тоа го дадоа неславни индивидуи во историјата, што е тешко достижен во денешниот свет, таа состојба ја нарекуваат со други изрази кои често се еуфемизми: илиберална демократија, автократија или некоја друга кратија. Сеедно, тоа е време и состојба кога општеството замира. Кога веќе нема живот и сè е безначајно.

Луѓето се склони кон спектакли и циркуси. Живеат во мигот, им треба некаква сензација, за да протуркаат низ сè посложеното секојдневие. Затоа, често без размислување, луѓето ги „купуваат“ триковите на пропагандата која изведува разни акробации за да го привлече и задржи нивното внимание.

Да, луѓето го сакаат тој циркус, лесно и своеволно му се предаваат, а на покана од кловновите во арената, весело потскокнуваат и им се придружуваат на статистите на сцената. Некои и сфаќаат дека се опкружени со големи и мали, но секако ненаситни политички животни, но остануваат на сцената, опиени од светлината и вревата на циркуската арена.

Така, малите и големите политички животни прават циркус од луѓето кои, без да мислат, купиле карта за циркуската претстава. Заслепени од светлината, заглушени од вревата, тие веќе не можат да го препознаат својот и интересот на општеството (јавниот интерес). Замаени, ним ништо не им преостанува освен да продолжат да потскокнуваат и френетично да им аплаудираат на кловновите на сцената.

По претставата, ќе дојдат чистачите, да ги соберат вредностите, надежите, сништата и плановите што луѓето од публиката ги заборавиле среде еуфоријата со која им се придружиле на кловновите и политичките предатори. Во меѓувреме, оние што ќе ја препознаат играта, ќе заминат од циркускиот шатор, да се повлечат во своите засолништа (недовербата, себичноста и стравот), за да преживеат.

Ќе останат само празните седишта среде тишината и мракот, да глумат општество.

 


Creative Commons 4.0 (дозволено преземање, со линк до изворот)
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ