Ги прашавме кандидатите за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов од коалицијата предводена од СДСМ, Арбен Шаќири од коалицијата „Одлучно за промени“ на ЛДП и ДОМ и Ана Петровска од Зелен хуман град, кои се нивните заложби во сферата на социјалната правда? Ги замоливме да ни ги опишат нивните конкретни планови, буџети и временската рамка во која ќе ги спроведат плановите.
Да одговорат на ова прашање на ЦИВИЛ Медиа беа поканети и други кандидати за градоначалник на Скопје, но тие, од разни причини, не беа во можност да се одговорат на нашата покана.
Дебатата е дел од проектот „Зелено општество за сите“ кој го спроведува организациската единица ЗЕЛЕН ЦИВИЛ, во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел.
Со проектот „Зелено општество за сите“, ЦИВИЛ ја продолжува промоцијата на идеите за меѓусебната поврзаност на зелените вредности, антинационализмот и социјалната правда, особено во контекст на креирање локални политики и практики со вистинска грижа за интересите на граѓанките и граѓаните на локално ниво.
Преземањето на содржините е добредојдено, според лиценцата Creative Commons 4.0.