• Latest

Коѕијас ги избрифира партиите за името, евентуален договор би се гласал со 180 пратеници

April 6, 2018

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Коѕијас ги избрифира партиите за името, евентуален договор би се гласал со 180 пратеници

April 6, 2018 08:11
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Најблиските соработници на грчкиот премиер Алексис Ципрас размислуваат евентуалниот договор за името во грчкиот Парламент да се гласа со зголемено мнозинство од 180, место досегашните 151 пратеник, што како предлог веќе се наоѓа на маса, објавија вчера грчките медиуми.

Информативните портали In и Eurotoday објавија дека во кабинетот на Ципрас постои дебата за тоа договорот да пристигне во Парламентот, но да биде усвоен од 180 пратеници.

– Доколку постои договор за името со ПЈРМ, соработниците на премиерот разговараат за тоа договорот да го достават за гласање во Парламентот и да се одобри, но не со обично мнозинство. Дискусијата сега се води да се побара зголемено мнозинство од 180 пратеници. Ова е поради теоријата дека станува збор за меѓународен договор и не треба да биде усвоен со обично мнозинство, напиша порталот In.

Со слична анализа е и Eurotoday. „Никаква уставна одредба не го обврзува грчкиот премиер да ја постави границата на 180 пратеници, но како што објаснува негов близок соработник, решавањето на едно национално прашање, што е нерешено 25 години можеби и да не дозволува обично мнозинство“, пишува порталот Eurotoday.

Токму прашањето за изгласување евентуален договор со зголемено мнозинство од 180 пратеници беше упатено до портпаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, на брифингот одржан пред две седмици.

– Штом ќе се постигне договор грчката Влада ќе го соопшти начинот на кој договорот ќе се достави во грчкиот Парламент, рече Ѕанакопулос на 20 март на брифингот со новинарите.

Грчкиот Парламент го сочинуваат 300 пратеници, од кои 154 се од владиното мнозинство на СИРИЗА и Независни Грци. Најчесто, доколку нема барање за зголемено мнозинство, за еден закон или одлука да се изгласаат во грчкиот Парламент се потребни 151 пратеник.

Доколку се потврдат написите во медиумите и грчкиот премиер побара 180 позитивни гласови, останува отворено прашањето дали евентуалниот договор за името, би бил изгласан од Парламентот, со оглед на тоа како во овој момент стојат работите во Грција и судејќи според јавните изјави,  Независни  Грци и Сојуз на централисти се против име со вклучен терминот Македонија, додека пак, Нова демократија, Река и Демократска алијанса, засега не ги отвораат картите како би гласале, но упатуваат и критики до владата за начинот на кој управува со прашањето за името.

Во меѓувреме, одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија Јоргос Кумуцакос, по брифингот со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, за преговорите со името, изјави дека „загриженоста расте“ во нивната партија.

– По брифингот на Коѕијас со опозицијата за скопското прашање, нашите грижи се интензивираа. Нова демократија останува цврсто на потребата за едно комплетно, сеопфатно и конечно решение, кое целосно ќе одговара и на конкретните предуслови што од почеток ги поставивме и на оправданата чувствителност на Грците. Без такво решение, нема да ѝ се даде на ПЈРМ можност за било каков нејзин натамошен пристап во НАТО и ЕУ, вели надлежниот за надворешна политика во Нова демократија.

Неговата изјава беше демантирана од прес-службата на Коѕијас. Соопштението на Нова демократија не одговара на реалноста и е невистинито, беше наведено од прес-службата.

Нешто помалку од два и пол часа траела средбата на шефот на грчката дипломатија со Кумуцакос во рамки на активностите на Коѕијас да ги извести партиите за преговорите за името.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, средбата што се одржала во грчкото МНР, била затворена за медиумите, а Кумуцакос по завршувањето само кусо коментирал дека опширно разговарале.

Со средбата со Кумуцакос, заврши циклусот брифирање на грчките партии од министерот за надворешни работи.

Коѕијас, како што веќе објави МИА, во понеделникот се сретна со генералниот секретар на Комунистичката партија, Димитрис Куцубас и со лидерот на Река, Ставрос Теодоракис, во вторникот со првиот човек на Сојуз на централисти, Василис Левендис и со претседателката на Движење за промена, Фофи Генимата.

Откако претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис побара да биде избрифиран од премиерот, а не од министерот, со Никос Коѕијас се сретна одговорниот за надворешна политика во партијата.


Извор: МИА

Tags: ГрцијаимеКоѕиасМакедонијаПреговори
Share2TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ