• Latest

Коѕијас во четврток ќе пристигне во Скопје со нацрт спогодбата на 20 страници

March 19, 2018

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Коѕијас во четврток ќе пристигне во Скопје со нацрт спогодбата на 20 страници

March 19, 2018 10:53
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Околу 55 параграфи, со сите отворени прашања,  сместени на 20 страници, ги содржи грчката нацрт-предлог спогодба меѓу Македонија и Грција, соопшти грчкото радио „Атина 984“. 

Како што јави дописникот на МИА од Атина, искусната новинарка на радиото  наведува дека нацрт предлогот е подготвен од грчкото МНР, опширно разгледан меѓу премиерот Алексис Ципрас и Никос Коѕијас, а ги содржи точките што ги најави и самиот шеф на грчката дипломатија.

Во однос на имињата што се вклучени, радиото во текстот коментира дека Горна Македонија, е „фаворит“ за Атина, но без превод, „нешто што многу тешко ќе биде прифатено од другата страна“.

Судејќи според информациите во грчките медиуми од изминатиот период, Грција не само што преферира името да биде непреведено, туку и да биде слеано, напишано во еден збор.

Друга точка од грчките барања е и промена на Уставот, нешто што го споменува и новинарката од радиото на општина Атина.

– Прашањето за промена на името како и други теми што се однесуваат на Уставот на соседната земја за негова промена е едно од основните барања на Атина како „гаранција“ за имплементација на ерга омнес за употребата на новото име, односно да биде и за внатрешноста и за надвор. Уставната промена бара мнозинство во Собранието на ПЈРМ, нешто што го нема владината коалиција на СДСМ и албанската ДУИ, објавува радиото „Атина 984“.

Новинарката коментира дека постојат контрадикторни информации за тоа дали нацрт спогодбата е доставена до македонската страна или не. Во грчките медиуми, за време на викендот се појавија информации од американски извори дека Атина веќе го испратила предлогот.

– Според некои информации грчките предлози веќе се испратени од 12 март, додека, пак, според дипломатски извори од ПЈРМ, се уште не е испратена нацрт спогодбата, која што, како што велат, ја очекуваат со пристигнувањето на грчкиот министер за надворешни работи во четврток. Сепак, критично е дали ќе има навистина напредок во разговорите што ќе ги има Коѕијас со неговиот колега Димитров во пресрет на средбата со специјалниот претставник на Обединетите нации, Метју Нимиц, планиран за 27 март, повторно во Виена, објавува Атина 984.

Во однос на информациите во грчките медиуми од изминатите денови, дека нацрт спогодбата е доставена до Македонија, македонски дипломатски извори за МИА велат дека грчките предлози не се пристигнати и очекуваат нив да ги достави самиот Коѕијас при неговата посета на Скопје.

За 27 март, објавен во македонските и грчките медиуми, како датум кога ќе се одржи новата средба на шефовите на дипломатиите со медијаторот Нимиц, не постои официјална потврда ниту од Скопје ниту од Атина.

Патувањето на шефот на грчката дипломатија во Македонија, со лет директно од Атина за Скопје, веројатно ќе биде на 22 март, а радиото „Атина 984“ коментира дека тогаш одново ќе започнат критичните разговори за решавање на разликите околу името.

– Дипломатски извори во Атина, изразуваат загриженост во пресрет на средбата на двајцата министри следниот четврток во однос на она што се чини дека го изјавил министерот за надворешни работи на соседната земја разговарајќи со европски функционери. Господинот Димитров, според информациите се чини дека ги карактеризирал „апсурдни“ некои од грчките позиции, објавува грчкото радио на официјалниот сајт. 


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: ГрцијаКоѕиасМНРНикола ДимитровУстав на РМ
Share3TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ