Опасноста од надри-образованието мора да се разбере на исто ниво како опасноста од надри-писарите или надри- лекарите и исцелителите.
Тоа го руши образовниот систем, го изложува на постојани потреси, внесува непроверени материјали и процедури кои создаваат хаос кај наставниот кадар и учениците.
Надри-образованието создава привид на алтернативност и напредок, и успева исти содржини одново и одново да ги пласира во нови проекти кои завршуваат со завршување на донацијата, меѓутоа оставаат последици кои долго време го дебалансираат образовниот процес.
И за ова не се криви странците кои донираат пари. Крива е државата која нема сили да изгради сопствен конзистентен образовен систем, кој ќе ги апсорбира овие пари на најдобар можен начин, со најдобри можни резултати
Мирјана Најчевска
11.10.2020 година