Не успеа Катица Јанева. Гледаш ли бре пријателе за што сте трчале? Сите се исти! Сите се борат за власт, да крадат. Само да дојде другиов и овој ќе краде. Седи среди си ги твоите проблеми, никој нема да се заинтересира за тебе. Зошто ја кажуваш вистината јавно, ти мислиш дека народот не знае, а? Сите знаат, но зошто да се ствараат непријатели бадијала, животот е долг.
Денес, можеме да раскажуваме и многу слични популарни фрази, можеби би пополниле повеќе од една брошура со цитати кои се обидуваат да ги убијат обидите за правдина. Во јавноста постои перцепцијата дека крив е системот. Кај мене, постои убедувањето дека овој феномен има врска со менталитетот. Кратко и јасно има врска со политичкиот провинцијализам.
Што подразбираме со политичкиот провинцијализам? Отсуство на перфектност. Акцент врз една работа која е ограничена и не е за општо добро. Перцепција дека политиката е обврска само на група индивидуи, a не одговорност за сите, кога се има предвид дека политиката стреми кон доброто на сите, без разлика.
Политичките провинцијалисти ги имаат своите аргументи. Се поставува прашањето, зошто да не направиме пресврт во смисла на политиката и борбата за правда?
Нешто што има врска со општиот интерес не е само обврска на една одредена група, но е обврска на секој граѓанин. Сократ ја дефинира правдата, како процес каде секој ја прави својата работа, како граѓанска обврска, и придонесува за општото добро.
Зошто треба да мислиме дека секој што ги извршува граѓанските должности мора да краде? Зошто треба да ја негуваме перцепцијата дека автоматски, ако сте политичар, мора да бидете манипулатор?
Ако кај нас правдата доцни, ако не предаваат и кога се надеваме и веруваме повеќе, зарем не е дојдено времето да се промениме ние? Да почнеме од себеси.
Прво да ја промениме перцепцијата за политиката и правдата. Да се убедиме себеси дека сме праведни и дека кој не е да го промениме. Дека политиката е борба за општото добро и дека за општото добро треба да се грижат моралните луѓе и докажани во професиите. Луѓе кои се доволно образовани за да сфатат дека власта е институционална сила да се носат политичките процеси напред, за да се направи животот на граѓанинот по достоинствен и да се зголеми довербата на граѓаните кон институциите.
Институции кои главен товар би требало да им бидат грижите на граѓаните.
Правдата не почнува и не завршува со едно име. Правдата се раѓа од карактерот на човекот и итсиот се рефлектира потоа во институции. Какви сме ние самите, такви ќе ни бидат и институциите.
Џенис Сулимани