Кој дел од исказот: и „кучкарите” не сакаат кучиња на улици, особено не глутници, не го разбира Сашо Тасевски?
„Кучкарите” со децении предлагаат научно поткрепена и докажана методологија како да се справиме со нив (стационар во секој град, програма залови, стерилизирај, врати или удоми) која е единствената во свет што дала трајни резултати.
-Ако Сашо и дел од Стружани мислат дека е попаметно и поефикасно да се лее крв пред очите на струшките деца, слободно следете му ја филозофијата излезена од „chimp brain” (пардон на францускиов, но тоа е научен термин што се употребува во популарната психологија, и подразбира дека сите ние имаме И таков дел од мозокот во себе, значи – не го нарекувам мајмун. Уште повеќе што немам потреба да ги вреѓам мајмуните.). Нема да има ефект. Само насилство, напиша на својот Фејсбук профил Катерина Колозова.