• Latest
Нападот на Капитол, 6 јануари 2021 (фото извор: Wikimedia Commons)

Конечен извештај за нападот на Американскиот Конгрес на 6 јануари 2021: Централната причина беше еден човек – Доналд Трамп

December 23, 2022
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Конечен извештај за нападот на Американскиот Конгрес на 6 јануари 2021: Централната причина беше еден човек – Доналд Трамп

Извештајот од 845 страници беше објавен три дена откако законодавците и формално го обвинија поранешниот претседател Трамп за поттикнување бунт и други кривични дела. Иако формално не побара од федералните обвинители да преземат акција, комисијата испрати моќен сигнал дека се на ставот дека Доналд Трамп ги извршил кривичните дела.

December 23, 2022 08:05
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5
Нападот на Капитол, 6 јануари 2021 (фото извор: Wikimedia Commons)

Нападот на Капитол, 6 јануари 2021 (фото извор: Wikimedia Commons)

Share on FacebookShare on Twitter

Изјавувајќи дека централната причина за нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година е „еден човек“, Комитетот на Претставничкиот дом што го истражува нападот го даде својот последен извештај во четвртокот, објави Њујорк Тајмс. Извештајот содржи детален опис како претседателот Доналд Џ. Трамп спровел „повеќеслоен план за поништување на претседателските избори во 2020 година“ и понуди препораки за чекори за да се осигура дека ништо слично нема да се случи повторно.

Објавувањето на целосниот извештај беше кулминација на 18-месечната истрага на панелот и дојде три дена откако комисијата во понеделникот гласаше формално да го обвини Трамп за поттикнување бунт, заговор за измама на Соединетите држави, опструкција на акт на Конгресот и други кривични дела казниви според закони на федерално ниво. Иако препораките не ги принудуваат федералните обвинители да преземат какви било мерки, тие испратија моќен сигнал дека Конгресот верува дека поранешниот претседател извршил злосторства.

„Работата на избраниот комитет нагласува дека нашите демократски институции се исто толку силни, колку и посветеноста на оние на кои им е доверена нивната грижа“, напиша спикерот Ненси Пелоси во предговорот на извештајот.

Комитетот веќе го објави извршното резиме на извештајот, адвокатски наратив од 154 страници за немилосрдната желба на Трамп да остане на власт откако ги загуби изборите во 2020 година за седум милиони гласови. Резимето ги идентификува козаговорниците кои му помагале на Трамп, но се вели дека доказите укажуваат на еден јасен заклучок:

„Централната причина на 6 јануари беше еден човек, поранешниот претседател Доналд Трамп“.

Tags: 6 јануариКапитолнападСАД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ