„Една билка, еден живот“ е мотото на овогодинешниот Конопфест, кој ќе се одржи на Денот на марихуаната, 20 април, на Школка во Градскиот парк, со почеток од 16:20 часот, во организација на Здружението за канабис и зелени политики БИЛКА-Скопје.
На овогодинешниот Конопфест ќе настапат повеќе различни музички артисти како Чиста Околина, Conquering Lion, LD Pistolero, Da Dzaka Nakot, DJ Goce, DJ Chvare, String Forces и други.
Здружението Билка се залага за целосна декриминализација на Канабисот и за унапредување на животната средина, преку образование, проекти и активизам.
„Движење за поддршка на медицинска, рекреативна и спиритуална употреба на канабисот и индустриската употреба на Конопот во Македонија и ширум светот и се залагаме за водење на здрав начин на живот во мирна и здрава еколошка средина со помош на оваа чудотворна билка. Токму затоа сме против користење на дрогите, алкохолот и тутунот и против категоризацијата на Канабисот како наркотична супстанца“ велат организаторите.
А.П.