Корупцискиот скандал од висок профил, кој го разобличија белгиските власти во истрага подолга од една година, со помош на тајните служби, откри, како што велат обвинителите, шема „кеш за услуги“ во срцето на ЕУ, пишува Њујорк Тајмс. Овој скандал ја исфрли на површината ранливоста на затворениот ноторно бирократски систем во кој се носат одлуки за политиките што се однесуваат на 450 милиони луѓе во најбогатиот клуб на нации во светот.
Ева Каили, грчка политичарка и потпретседателка на Европскиот парламент е в затвор, обвинета за размена на политички одлуки за кеш! Белгиските власти ја обвинија минатиот викенд заедно со нејзиниот партнер Франческо Џорџи и уште двајца во истрагата за влијанијата поврзани со Катар. Полициските рации открија 1,5 милиони евра во кеш.
Неколку недели претходно, Каили беше забележана во ултра-селективна V.V.I.P. ложа на Светското првенство во Катар. Истата недела, во Брисел, таа даде страсна одбрана на блискоисточната нација против критиките за нејзината експлоатација на работниците мигранти кои ги изградија стадионите за првенството, а критичарите на Катар ги нарече насилници.
Да биде иронијата уште поголема, младата политичарка е позната и како честа гостинка на јавни настани и панели во медиумите, каде што говори токму за борбата против корупцијата (види фото).