• Latest

Костадиновска-Стојчевска на седница на Национална комисија на УНЕСКО: За да постигнеме успех, неопходно е секој да го понесе својот дел од обврските

October 18, 2023
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска на седница на Национална комисија на УНЕСКО: За да постигнеме успех, неопходно е секој да го понесе својот дел од обврските

October 18, 2023 18:05
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Владата на Република Северна Македонија денеска се одржа седница на Националната комисија за УНЕСКО на РСМ, на која се дискутираше за одлуката и за заклучоците од 45. сесија на Комитетот за светско културно наследство на УНЕСКО што се одржа од 10 до 25 септември во Ријад, Кралство Саудиска Арабија, а кои се однесуваат на природното и културното наследство на Охридскиот Регион.

 

На седницата претседаваше министерката за култура и претседателка на Националната комисија за УНЕСКО, Бисера Костадиновска-Стојчевска, а беше истакнато дека Комитетот го вреднуваше и фактот дека експертските тимови на двете држави заеднички изготвија Стратегиски план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион со Акциски план, со што се потврдуваат нашите искрени намери за зачувување на статусот и подготвеност за работа дома и интензивна соработка.

„Престижниот статус останува, но остануваат и препораките за негово зачувување. Препораките не се лесни и нивнaта реализација бара наше целосно внимание. За да постигнеме успех во тоа, неопходно е секој да го понесе својот дел од обврските“, посочи Костадиновска-Стојчевска.

Во тој контекст таа истакна дека е потребно да се преземат итни мерки за рехабилитација на светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион. Со цел создавање предуслови за имплементација на Стратегискиот план, Владата на Северна Македонија задолжи повеќе надлежни субјекти, секој од аспект на својата надлежност, да преземат итни мерки за зачувување и ревитализација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион.

Во согласност со заклучоците, Министерството за култура, во соработка со Управата за заштита на културното наследство и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид, на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР) веќе го објави Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење. Значајно е тоа што со овој Предлог-закон се менува режимот на заштита на споменичната целина кој ќе спречи реализација на дивоградби, надградба и изградба на нови објекти во споменичната целина.

Министерката Костадиновска-Стојчевска информираше дека интензивно се работи и на текстот на Предлог-законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион. За изработка на нацрт-текстот на Предлог-законот е формирана работна група од Министерството за култура во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Управата за животна средина и Управата за заштита на културното наследство.

Управата за заштита на културното наследство, пак, веќе има изработено Упатство за чинителите, односно имателите на заштитени добра во Охридскиот Регион со насоки за примена на мерките за заштита, што ќе биде објавено на веб-страницата на Управата.

НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид изврши увид во заштитените културни добра и амбиенталните објекти и работи на изготвување на приоритетна листа за отстранување на сите несоодветни инсталации и друга опрема што се поставени на заштитените културни добра.

Костадиновска-Стојчевска ги повика министерствата за животна средина и просторно планирање,  за транспорт и врски и за финансии, општините Охрид, Струга и Дебрца, ЈУ „Национален Парк Галичица“ како и Хидробиолошкиот завод од Охрид интензивно и со заедничка посветена работа и реализација на заклучоците, сите да придонесат во зачувувањето на статусот на светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион.

Tags: Костадиновска СтојчевскаседницаУНЕСКО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ