Советот за македонски јазик работи на имплементирање на забелешките кои произлегоа на дебатата за новиот Предлог-закон за употреба на македонскиот јазик, по што повторно ќе биде вратен во Министерството заради административна проверка, а потоа во владина и собраниска процедура, вели министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
– Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик, по јавната дебата, е во фаза Законот за изменување на Законот за авторско право и сродни права, е усогласен со европското законодавство и е во владина процедура. Предлог-Законот за употреба на македонскиот јазик, е јавно достапен на ЕНЕР (Единствениот национален електронски регистар на прописи)ЕНЕР (Единствениот национален електронски регистар на прописи)и по сублибирањето на пристигнатите забелешки, ќе биде дооформен и доставен до Советот за
македонски јазик и до Владата, за натамошна постапка. Речиси се исцрпени сите дискусии, и очекувам во владина постапка да биде во најкус можен рок, рече Костадиновска-Стојчевска на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање на ЦИВИЛ Медиа.
Во однос на новиот Закон за култура, кој долго време се најавува, министерката рече дека тој е уште во работна фаза, односно работната група за овој закон работи на забелешките доставени од синдикатите.
Костадиновска-Стојчевска посочи оти се надева дека работната група и синдикатите набрзо ќе дојдат до заедничко решение за законот понатаму да може да влезе во владина процедура.
Соња Танеска