• Latest

Ковачевски: Денеска започнува силна градежна офанзива, автопатот е важен за нов економски импулс

April 4, 2023

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ковачевски: Денеска започнува силна градежна офанзива, автопатот е важен за нов економски импулс

April 4, 2023 13:51
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Со гео-стратешката позиција и Коридор 8 ние стануваме неизбежна транспортна рута како во регионот така и пошироко, потенцира премиерот Димитар Ковачевски на поставувањето камен-темелник за Коридор 8.

-Денеска започнува силна градежна офанзива за изградба на западниот дел на Коридор 8. Камен темелникот на Коридорот 8 не е само почеток на нова патна инфраструктура, тоа е камен темелник и на нови инвестиции, отворање нови пазари, можност за нови соработки како меѓу домашните, така и со меѓународни компании. Изградбата на Коридорот 8 значи помалку трошоци за транспорт, побрз транспорт, поврзување и интеграција на Северна Македонија, како и економски и регионален развој на земјава.

Изградбата на модерен, современ автопат Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, Требениште–Струга–Ќафасан, денеска покажува дека е конкретна, реална и остварлива цел која е во интерес на граѓаните, за нивен подобар живот и просперитет на бизнис заедницата. Секој автопат носи можност за нови бизниси и економски развој. Нови бензински пумпи,нови хотели, ресторани, деловни објекти, повеќе вработувања, подобро платени работни места, поголема конкуренција и побрз развој, рече премиерот.

Тој додаде дека овој автопат е важен за нов економски и развоен импулс не само на западниот дел од земјата, туку и за регионален развој на целата држава.

-Изградбата на Коридорот 8 значи поврзување на државата со другите земји од Европа, значи странски инвестиции, економски развој на земјата, побрз трасфер на луѓе и роба, развиен туризам и пред се безбедни и сигурни патишта за граѓаните. Коридорот 8 и коридорот 10Д се најголемиот инфраструктурен проект досега во нашата држава во патниот сектор. Вредноста на Договорот за изградба на коридорите 8 и 10Д е изнесува 1,3 милијарди евра. Ќе се градат четири автопатски делници во вкупна должина од околу 110 километри. Вакво нешто никогаш во историјата на нашата држава не било направено. До денес, овие два коридора биле само план на хартија, кој никогаш не бил реализиран од разни причини. Денес тоа се менува и започнува нивната реализација. За прв пат како држава се поврзуваме кон запад и исток, а не како досега само поврзување север и југ. Со изградбата на автопатите нашата држава ќе биде поврзана со уште две пристаништа. Пристаништето во Драч и пристаништето во Бургас и тоа за нас е одлична можност и перспектива за развој. Северна Македонија ако досега беше кружен тек, сега со овој коридор 8 станува вистинска крстосница на Балканот, рече премиерот.

Ковачевски истакна дека единствено со вложување во капитални проекти се обезбедуваат можности за стопанството, за бизнис заедницата и се вложува во функционално, модерно, патно поврзување на целиот овој регион.

-Оваа инвестиција на Северна Македонија и отвора нови европски рути и воспоставува поврзување со регионот, што е од исклучителна важност за нашата економија. Среќен сум што реализацијата на патната инфраструктура продолжи без разлика на тешката економска криза не само кај нас, туку насекаде во светот. И покрај кризата, оваа Влада која ја предводам, инвестира во создавање на квалитетни услови за живот на сите граѓани без разлика во кој дел од државата се наоаѓаат.

Јас нема да отстапам од инвестиции во инфраструктурата, нема да отстапам од инвестиции во енергетската независност на државата и нема да отстапам од инвестиции во зголемување на енергетските капацитети на државата, бидејќи тие се предлуслов за економски раст на државата. Посебно ми е драго што овој автопат ќе е голема шанса за развој на Северна Македонија. Коридорот 8 и 10Д се многу важни за нашата стратешка автономија со која нашата земја ќе се најде на сообраќајната и економската карта на Европа. Владата ќе продолжи да инвестира во инфраструктурата, ќе продолжиме да инвестираме во проекти кои долгорочно ќе обезбедат економски раст на државата, заклучи Ковачевски.

Tags: инфраструктураКовачевскикоридор 8
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ