• Latest

ДНЕВНИК НА ЦИВИЛ: Ковачевски на првиот состанок на Европската политичка заедница, руските терористи можат да се борат само со цивили, масакр во детска градинка во Тајланд

October 6, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДНЕВНИК НА ЦИВИЛ: Ковачевски на првиот состанок на Европската политичка заедница, руските терористи можат да се борат само со цивили, масакр во детска градинка во Тајланд

October 6, 2022 16:32
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Започна со работа Европската политичка заедница, учествува и Северна Македонија

Со официјална пленарна сесија започна првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага каде учествува премиерот Димитар Ковачевски заедно со лидерите на ЕУ, на Западен Балкан, поточно севкупно 44 шефови на Влади и држави од Европскиот континент.

https://civilmedia.mk/premierot-kovachevski-na-otvoraneto-na-prviot-sostanok-na-evropskata-politichka-zaednitsa/

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ 

Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател: „Запорижја. Ракетни напади врз станбени згради. Руските терористи можат да се борат само со цивили. Луди кукавици“.

Јермак за гранатирањето на Запорижја: Руските терористи можат да се борат само со цивили (ВИДЕО)

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Злосторства и кршење на меѓународното право: Долгиот список на злосторства и груби прекршувања на меѓународното право од страна на Русија од почетокот на нејзината агресија од големи размери врз Украина, денес е дополнет со уште едно злосторство – незаконски обид да се преземе контролата врз нуклеарната централа Запорижја. Релевантниот указ на претседателот на Руската Федерација за овој настан го сметаме за ништовен, велат од МНР на Украина.

МНР на Украина: Уште едно злосторство, незаконски обид на Русија да ја преземе контролата врз нуклеарната централа Запорижја

Осми пакет санкции против Русија: Европската Унија официјално го усвои осмиот пакет санкции против Русија, како одговор на нелегалната анексија на четири украински региони. Главен фокус на овој пакет е ограничувањето на трговијата со руска нафта за трети земји, надвор од ЕУ.

Усвоени новите санкции против Русија, се дискутира уште за дерогација за Западен Балкан

Воена мапа: Воената мапа на Украина на полноќ, 6 октомври, покажува понатамошно напредување на воените сили на Украина. Според извештаите од боиштата, украинските сили напредуват на северо-истокот и на југот на фронтот, овозможувајки понатамошни напади врз руските рути за снабдување во правецот на градот Сватове.

Воена мапа: Офанзивата напредува, украинските сили преминаа во Луганската област северозападно од Кремина

СВЕТ

ТАЈЛАНД: Најмалку 34 лица се убиени во напад во установа за згрижување деца во североисточниот дел на Тајланд
Меѓу загинатите има повеќе од 20 деца, а жртви се на возраст од две години, пренесува Би-Би-Си.

Нападот започнал кога маж вооружен со пиштол и нож упадна во установата за згрижување деца во провинцијата Нонг Буа Ламфу.

Напаѓачот кој во Тајланд уби 34 лица, од кои 22 се деца се самоубил по нападот во градинка

ГРЦИЈА: Во потонат чамец источно од грчкиот остров Лезбос, загинале 15 мигранти, а спасени се пет, додека во тек се две спасувачки акции на грчката крајбрежна служба, едната во близина на Лезбос, другата во близина на островот Китира.

Загинаа 15 мигранти во близина на грчкиот остров Лезбос, Шаленберг предупредува на голем миграциски бран

ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО: Три лица биле избодени со нож за време на голем инцидент во центарот на Лондон, пренесува Мирор. Полициски службеници и болничари се на местото на настанот во Бишопсгејт, во близина на станицата на улицата Ливерпул, при што се вели дека инцидентот се случил само неколку метри од полициската станица.

Инцидент во Лондон: Три лица избодени со нож откако случајни минувачи се обиделе да спречат крадци на велосипеди

РЕГИОН

СРБИЈА-РУСИЈА: Србија побара Западен Балкан да биде изземен од забраната за увоз на руска нафта преку гасоводот Јанаф, но „тогаш нашите соседи се пофалија дека тие се заслужни што тоа не се случи“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, пристигнувајќи на самитот на Европската политичка заедница во Прага.

Вучиќ: Побаравме Западен Балкан да биде изземен од одлуките за нафтата, Хрватска само го правеше тоа што го прави со децении

УНГАРИЈА: Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто денеска изјави дека Унгарија, Австрија и Србија се договориле да ги здружат силите и дополнително да ги зајакнат границите меѓу Србија и Северна Македонија, како во однос на персоналот, така и на опремата. На крајот од трилатералната средба на Австрија, Унгарија и Србија за миграцијата, Сијарто истакна дека тие три земји не ги бранат само своите граници, туку и ЕУ.

Сијарто: Заеднички ќе ја браниме границата на Србија и Северна Македонија

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРЕГОВОРИ Во Европскиот парламент во Стразбур заврши 20-от Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ (Парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација), со усвојување заеднички препораки. МПК за првпат се одржува откако Северна Македонија ги отпочна преговорите за членство во ЕУ.

Заврши Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија со препораки земјава да остане посветена на реформите

ИНТЕГРАЦИИ Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, во своето обраќање на 20-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет помеѓу Северна Македонија и ЕУ ја истакна важноста за вклучување и соработка со различни општествени чинители, ставајќи акцент на Парламентот како клучна институција за напредокот на преговорите и нивната динамика.

Маричиќ од Стразбур: Улогата на Парламентот во пристапните преговори ќе ја дефинираме со Меморандум за соработка

ДОГОВОРИ Денеска во Прага, во присуство на премиерот Димитар Ковачевски и премиерот на Украина, Денис Шмихал свечено беа потпишани одлуките со кои се дополнува и ревидира постојниот Договорот за слободна трговија помеѓу Северна Македонија и Украина, а со цел да се олесни слободната трговија и обезбедувањето храна меѓу двете земји, информираат од Владата.

Олеснета слободна трговија и обезбедување храна со потпишаните договори меѓу Северна Македонија и Украина

КУЛТУРА Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска вчера попладне на Крит се обрати на свечената церемонија на Форумот на Културните рути на Советот на Европа, која се одржа во Хања, на Крит, информираат од Министерство за култура.

Костадиновска – Стојчевска од Форумот на Културните рути на Крит: Ја отвораме нашата земја за да ја надополниме богатата европска историја

ЗЕЛЕНА АГЕНДА Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер ги прими учесниците на конференција на високо ниво „Зелена агенда за Западен Балкан“, што во организација на институтот Аспен од Германија се одржува во Скопје, информираат од претседателскиот кабинет.

Средба на Пендаровски со учесниците на конференцијата „Зелена агенда за Западен Балкан“

ПЛАДНЕВЕН ПРЕГЛЕД 5+1

„Цивил Медиа го штеди вашето време. Информирајте се квалитетно и брзо, со новата рубрика на Цивил Медиа: ПРЕГЛЕД 5+1 во која Редакцијата прави избор од најважните содржини, претежно објавени во првиот дел од денот. Кога сте најмногу зафатени со утринските брзаници, ние правиме избор за кој веруваме дека е доволно добар за да ја поминете паузата со нас. Пријатна пауза“ – пишува во ФБ најавата на Цивил за новата рубрика.

Пладневен преглед 5+1: Јовановиќ за Мицкоски, Дерала за Илон Маск, Бојаровски за дезинформациите, Ризаов и Корубин за политичките процеси, Министерката Лурман за зелената агенда и ЕУ блог од Јовановски

СЛОБОДНА ЗОНА

Џабир Дерала во „препирка“ на Твитер со Илон Маск под наслов „Дали Илон Маск ќе гласа за моите предлози за мир меѓу Украина и агресорите?“, пишува: „Украинско-руски мир: русија заминува од Украина, плаќа воени репарации; Путин се изведува пред Меѓународниот трибунал за воени злосторства; – Слободни избори во русија, под меѓународна супервизија; Украина останува слободна да му се придружи на било кој сојуз; @elonmusk (Илон Маск) престанува да шири рашистичка пропаганда. Фала, Илон! Чекај, дали напишав „фала“? Мислев нешто друго.“

Ненад Јовановиќ во колумна за Фронтлајн под наслов „Мицкоски, вели, за скопјани Гаспром, за сите останати „црвен бан“, пишува: Мицкоски ни нуди некаков контакт, во смисла, „познајем човека“, или „ја и него сме ‘ко нокат и месо’“, што би рекол Радован „треќи“; ни нуди Мице некоја лична релација со рускиот Гаспром. Ќе речете, преку кого Мицкоски ни нуди мазут и гас во нашата држава? Сега може да шпекулираме: руското лоби во Северна Македонија (?), Груевски лично (?), можеби Орбан лично (не е тајна дека Орбан и Путин се „на изволте“)?

Мицкоски, вели, за скопјани Гаспром, за сите останати „црвен бан“

Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ