ВЕСТ НА ДЕНОТ
Започна со работа Европската политичка заедница, учествува и Северна Македонија
Со официјална пленарна сесија започна првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага каде учествува премиерот Димитар Ковачевски заедно со лидерите на ЕУ, на Западен Балкан, поточно севкупно 44 шефови на Влади и држави од Европскиот континент.
https://civilmedia.mk/premierot-kovachevski-na-otvoraneto-na-prviot-sostanok-na-evropskata-politichka-zaednitsa/
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Јермак за гранатирањето на Запорижја: Руските терористи можат да се борат само со цивили (ВИДЕО)
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Злосторства и кршење на меѓународното право: Долгиот список на злосторства и груби прекршувања на меѓународното право од страна на Русија од почетокот на нејзината агресија од големи размери врз Украина, денес е дополнет со уште едно злосторство – незаконски обид да се преземе контролата врз нуклеарната централа Запорижја. Релевантниот указ на претседателот на Руската Федерација за овој настан го сметаме за ништовен, велат од МНР на Украина.
Осми пакет санкции против Русија: Европската Унија официјално го усвои осмиот пакет санкции против Русија, како одговор на нелегалната анексија на четири украински региони. Главен фокус на овој пакет е ограничувањето на трговијата со руска нафта за трети земји, надвор од ЕУ.
Усвоени новите санкции против Русија, се дискутира уште за дерогација за Западен Балкан
Воена мапа: Воената мапа на Украина на полноќ, 6 октомври, покажува понатамошно напредување на воените сили на Украина. Според извештаите од боиштата, украинските сили напредуват на северо-истокот и на југот на фронтот, овозможувајки понатамошни напади врз руските рути за снабдување во правецот на градот Сватове.
СВЕТ
Меѓу загинатите има повеќе од 20 деца, а жртви се на возраст од две години, пренесува Би-Би-Си.
Нападот започнал кога маж вооружен со пиштол и нож упадна во установата за згрижување деца во провинцијата Нонг Буа Ламфу.
Напаѓачот кој во Тајланд уби 34 лица, од кои 22 се деца се самоубил по нападот во градинка
ГРЦИЈА: Во потонат чамец источно од грчкиот остров Лезбос, загинале 15 мигранти, а спасени се пет, додека во тек се две спасувачки акции на грчката крајбрежна служба, едната во близина на Лезбос, другата во близина на островот Китира.
ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО: Три лица биле избодени со нож за време на голем инцидент во центарот на Лондон, пренесува Мирор. Полициски службеници и болничари се на местото на настанот во Бишопсгејт, во близина на станицата на улицата Ливерпул, при што се вели дека инцидентот се случил само неколку метри од полициската станица.
РЕГИОН
СРБИЈА-РУСИЈА: Србија побара Западен Балкан да биде изземен од забраната за увоз на руска нафта преку гасоводот Јанаф, но „тогаш нашите соседи се пофалија дека тие се заслужни што тоа не се случи“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, пристигнувајќи на самитот на Европската политичка заедница во Прага.
УНГАРИЈА: Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто денеска изјави дека Унгарија, Австрија и Србија се договориле да ги здружат силите и дополнително да ги зајакнат границите меѓу Србија и Северна Македонија, како во однос на персоналот, така и на опремата. На крајот од трилатералната средба на Австрија, Унгарија и Србија за миграцијата, Сијарто истакна дека тие три земји не ги бранат само своите граници, туку и ЕУ.
Сијарто: Заеднички ќе ја браниме границата на Србија и Северна Македонија
ФЛЕШ ВЕСТИ
ПРЕГОВОРИ Во Европскиот парламент во Стразбур заврши 20-от Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ (Парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација), со усвојување заеднички препораки. МПК за првпат се одржува откако Северна Македонија ги отпочна преговорите за членство во ЕУ.
ИНТЕГРАЦИИ Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, во своето обраќање на 20-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет помеѓу Северна Македонија и ЕУ ја истакна важноста за вклучување и соработка со различни општествени чинители, ставајќи акцент на Парламентот како клучна институција за напредокот на преговорите и нивната динамика.
ДОГОВОРИ Денеска во Прага, во присуство на премиерот Димитар Ковачевски и премиерот на Украина, Денис Шмихал свечено беа потпишани одлуките со кои се дополнува и ревидира постојниот Договорот за слободна трговија помеѓу Северна Македонија и Украина, а со цел да се олесни слободната трговија и обезбедувањето храна меѓу двете земји, информираат од Владата.
КУЛТУРА Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска вчера попладне на Крит се обрати на свечената церемонија на Форумот на Културните рути на Советот на Европа, која се одржа во Хања, на Крит, информираат од Министерство за култура.
ЗЕЛЕНА АГЕНДА Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер ги прими учесниците на конференција на високо ниво „Зелена агенда за Западен Балкан“, што во организација на институтот Аспен од Германија се одржува во Скопје, информираат од претседателскиот кабинет.
Средба на Пендаровски со учесниците на конференцијата „Зелена агенда за Западен Балкан“
ПЛАДНЕВЕН ПРЕГЛЕД 5+1
„Цивил Медиа го штеди вашето време. Информирајте се квалитетно и брзо, со новата рубрика на Цивил Медиа: ПРЕГЛЕД 5+1 во која Редакцијата прави избор од најважните содржини, претежно објавени во првиот дел од денот. Кога сте најмногу зафатени со утринските брзаници, ние правиме избор за кој веруваме дека е доволно добар за да ја поминете паузата со нас. Пријатна пауза“ – пишува во ФБ најавата на Цивил за новата рубрика.
СЛОБОДНА ЗОНА
Џабир Дерала во „препирка“ на Твитер со Илон Маск под наслов „Дали Илон Маск ќе гласа за моите предлози за мир меѓу Украина и агресорите?“, пишува: „Украинско-руски мир: русија заминува од Украина, плаќа воени репарации; Путин се изведува пред Меѓународниот трибунал за воени злосторства; – Слободни избори во русија, под меѓународна супервизија; Украина останува слободна да му се придружи на било кој сојуз; @elonmusk (Илон Маск) престанува да шири рашистичка пропаганда. Фала, Илон! Чекај, дали напишав „фала“? Мислев нешто друго.“
Ненад Јовановиќ во колумна за Фронтлајн под наслов „Мицкоски, вели, за скопјани Гаспром, за сите останати „црвен бан“, пишува: Мицкоски ни нуди некаков контакт, во смисла, „познајем човека“, или „ја и него сме ‘ко нокат и месо’“, што би рекол Радован „треќи“; ни нуди Мице некоја лична релација со рускиот Гаспром. Ќе речете, преку кого Мицкоски ни нуди мазут и гас во нашата држава? Сега може да шпекулираме: руското лоби во Северна Македонија (?), Груевски лично (?), можеби Орбан лично (не е тајна дека Орбан и Путин се „на изволте“)?
Мицкоски, вели, за скопјани Гаспром, за сите останати „црвен бан“
Д.Мишев