Долгиот список на злосторства и груби прекршувања на меѓународното право од страна на Русија од почетокот на нејзината агресија од големи размери врз Украина, денес е дополнет со уште едно злосторство – незаконски обид да се преземе контролата врз нуклеарната централа Запорижја. Релевантниот указ на претседателот на Руската Федерација за овој настан го сметаме за ништовен, велат од МНР на Украина.
Украинското МНР најостро го осудува ова злосторство, кое уште повеќе ги зголемува ризиците и заканите во областа на нуклеарната безбедност предизвикани од руската окупација на АЕЦ Запорижја. Истовремено, ги повикуваат сите држави да се придржуваат до доследен став за обезбедување на обврзувачки политички, економски и правни последици за терористичката држава за сите нејзини злосторни и незаконски дејствија.
Понатам, им нудат на Европската унија, земјите од Групата седум и другите партнери итно да размислат за воведување на санкции против руската државна корпорација „Росатом“, поврзаните со неа компании и институции, како и други клучни фактори на руската нуклеарна енергетска индустрија.
Од украинското МНР ги повикуваат земјите-членки на Меѓународната агенција за атомска енергија да ја ограничат соработката во рамки на какви било проекти со Русија, која прибегнува кон нескриена нуклеарна уцена на целиот свет, и сметаат на јасната позиција и проактивна улога во овие прашања од генералниот директор на МААЕ.
Ги предупредуваме граѓаните на Русија кои ќе извршуваат злосторни наредби во врска со присвојувањето на објекти на цивилната нуклеарна инфраструктура на Украина за кривична одговорност за нивните незаконски дејствија и неповратноста на казните, велат од таму.
Од МНР на Украина бараат од руската страна да ја обезбеди безбедноста и недопирливоста на украинските граѓани кои продолжуваат да вршат критични функции во нуклеарната централа.
Повторно ја нагласуваме итноста за максимално мобилизирање на напорите на сите членови на светската заедница со цел да се обезбеди што побрза деокупација на нуклеарната централа Запорижја и нејзино враќање под контрола на Украина како единствен начин за елиминирање на сегашните закани во областа на нуклеарната безбедност, се вели во објавата на украинското МНР.
М.Д.