• Latest

Ковачевски: Преземени се сите чекори за набавка на „Трикафта“, нема да чекам бирократски процедури

February 9, 2023
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Младиќ меѓу хашката пресуда и политичката митологија

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Ковачевски: Преземени се сите чекори за набавка на „Трикафта“, нема да чекам бирократски процедури

Немам намера да чекам низ бирократските лавиринти за да се преземе нешто, туку уште утрово се преземени конкретни чекори и решив веднаш да се одвојат финансиски средства од Фондот за здравствено осигурување за најкритичните болни од цистична фиброза, информира премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашање по посетата на компанијата „Варус Бионика Фармацеутикалс“.

February 9, 2023 14:13
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Немам намера да чекам низ бирократските лавиринти за да се преземе нешто, туку уште утрово се преземени конкретни чекори и решив веднаш да се одвојат финансиски средства од Фондот за здравствено осигурување за најкритичните болни од цистична фиброза, информира премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашање по посетата на компанијата „Варус Бионика Фармацеутикалс“.

Утрово, како што додаде Ковачевски, Управниот одбор на ФЗО донесе одлука да се обезбедат сите средства за сите критични пациенти, согласно барањата на Детската клиника.

– Очекувам лекот да биде достапен исклучително брзо бидејќи и Агенцијата за лекови и МАЛМЕД имаат задача веднаш да го регистрираат. Бирото за јавни набавки има задача да ги обезбеди сите потребни документи за интервентен увоз на овој лек, бидејќи го произведува еден производител. Не може да чекаат на бесконечни тендери кога се работи за лек кој го произведува еден производител. Јас лично ќе се заложам ова да се спроведе, бидејќи нема време за чекање, нагласи Ковачевски.

Премиерот, како што информира, утрово разговарал и со министерот за здравство Беким Сали и му пренел дека за него ваквата ситуација со лекот за цистична фиброза е апсолутно неприфатлива.

– Разговарав и со директорот на Фондот за здравство и со министерот за финансии, тоа беа нивните први денешни разговори кои ги имаа. Ќе ги замолам, посебно министерот за здравство, да размисли и да ми каже дали може да го продолжи својот мандат. Јас мојата одлука за кадровските прашања ќе ја донесам после тоа, рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека по прес-конференцијата ќе има состанок со претставници на Асоцијацијата за цистична фиброза на која ќе ги образложи точните мерки што ќе се преземат на негово лично инсистирање со што најкритичните пациенти ќе бидат веднаш згрижени, а за сите останати во најбрз можен рок ќе следи системско решение со цел веќе да не мора да се грижат дали лекот ќе го има во клиниките каде се лекуваат.

– Во меѓувреме правните и експертските тимови пак ќе седнат заедно денес за да го средат и нема да станат додека не го средат делот со менувањето на законите. Откако ќе го смениме законот, верувам дека ќе имаме долгорочно решение за ова прашање и ќе им го обезбедиме лекот „Трикафта“ и за останатите пациенти по разумна цена, рече Ковачевски.

Ковачевски истакна дека нема намера да умре и друг пациент, поради „невозможната бирократија“.

– Најтажно од се е што смртта на Благојче е прерана и можевме да направиме повеќе за да му го продолжиме животот. Иако од информациите кои ги имав, бидејќи се слушнав со директорите на соодветните две клиники кои се врвни експерти, дознав дека има пациенти кои се во навистина тешка состојба за кои можеби лекот „Трикафта“ веројатно нема целосно да им помогне, но сепак тоа никако не може да го тргне чувството на тага, но и на гнев дека можеби имало и најмала шанса да направиме нешто повеќе. Но, зошто не направивме е прашањето. Најотворено, тоа е поради истите причини од кои нашата земја пати веќе 30 години, комплицирана и неверојатна бирократија, но бирократија не се некои луѓе од друга планета, туку сме сите ние и редно време е да се соочиме со тоа. Така функционира нашата држава или поточно така нефункционира нашата држава, изјави Ковачевски.

Запрашан „кога очекува оставка од министерот за здравство Беким Сали“, Ковачевски побара „да не му се ставаат збори во уста“, додавајќи дека за кадровски прашање ќе се одлучува наредните денови.

Фото: миа.мк

Tags: КовачевскиФЗОМцистична фиброза
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ