• Latest

Ковачевски: Секогаш инсистираме и ќе инсистираме на добрососедство и солидарност, никој сам не може ништо

January 3, 2023

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Не прашувам реторички: што правите, бе?

July 19, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026

Русија повторно ја нападна украинската железница: двоен удар врз патнички воз во Запоришката област

July 18, 2026
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Ковачевски: Секогаш инсистираме и ќе инсистираме на добрососедство и солидарност, никој сам не може ништо

January 3, 2023 18:33
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерите на Северна Македонија, Србија и Црна Гора, Димитар Ковачевски, Ана Брнабиќ и Дритан Абазовиќ на прашање на Танјуг како го гледаат регионот во 2023 година, изразија очекување дека тој ќе продолжи да покажува единство и солидарност, како и дека ќе се случат важни чекори кои ќе значат целосно нов почеток за Западен Балкан којшто, како што нагласуваат, има што да понуди и на Европа и на светот, јави дописникот на МИА од Белград.

Ковачевски, одговарајќи на прашање на Танјуг, вели дека смета оти оваа година за Северна Македонија ќе биде подобра од 2022 година, но и за регионот, како и дека очекува со веќе докажаната и покажана солидарност, евентуално новите пречки да се надминуваат.

Никој сам не може ништо, затоа ние секогаш инсистираме и ќе инсистираме на добрососедство и солидарност. Кога човек има пријатели и поддршка, и ако работи напорно, не постои недостижна цел, изјави Ковачевски.

Тој потсети дека сите ќе имаат корист од ефектите од заеднички вложениот труд и од реализираните проекти.

Како резултат на многубројните договори и меморандуми во рамките на „Отворен Балкан“, меѓусебната трговија расте, настапуваме заедно со нашата винска и туристичка понуда, поедноставувајќи го пристапот до пазарот на трудот. Очекувам дека тоа ќе биде мотив и други земји од регионот да се приклучат на иницијативата со која Западен Балкан станува европски и отворен во практична смисла на зборот, истакна Ковачевски.

На прашањето како го гледа регионот во 2023 година, српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека Србија ќе продолжи да биде длабоко посветена на иницијативата „Отворен Балкан“ и на сите други регионални иницијативи и во оваа нова година.

Со нетрпение очекувам да се воведе електронска идентификација за сите граѓани како дел од иницијативата „Отворен Балкан“ – ИД картички, кои ќе ни овозможат да ги преминуваме границите без никакво задржување, практично да нема граници меѓу нас и да имаме непречен проток на стоки, луѓе, капитал и услуги, рече Брнабиќ.

Таа додаде дека едвај чека да ги види граничните премини каде ќе има единствена означена лента за камиони и патнички возила од земјите од „Отворен Балкан“.

Таа нагласува дека акцентот го ставила на иницијативата „Отворен Балкан“, бидејќи таа е „наша сопствена, автохтона иницијатива, покрената од нас во регионот“, изразувајќи искрена надеж дека полека ќе и се придружат и другите партнери од регионот.

Претседателот на црногорската Влада, Дритан Абазовиќ, очекува сите во регионот да бидат помудри и посветени на пријателството и заедништвото, дека меѓусебно ќе се гледаат како пријатели кои ќе градат заедничка иднина за доброто на сите граѓани, а истовремено ќе го зголемат животниот стандард.

Тој додаде дека е неопходно да се промени досегашната практика, дека не смееме да се гледаме како непријатели, туку како пријатели, соседи, луѓе со кои ќе соработуваме, живееме и градиме заедничка иднина.

Абазовиќ нагласи дека навистина верува оти сите во регионот годинава ќе бидат помудри, поодлучни, поправедни и подготвени конечно да напраат исчекор.

Претседателот на Република Српска Милорад Додик на истото прашање на Танјуг одговри дека смета оти настаните од изминатите децении, како и актуелниот конфликт во Источна Европа ќе влијаат на развојот на настаните во регионот и додава дека во такви околности тешко е да се биде оптимист, но и дека нема основа ниту за песимизам.

Tags: 2023 годинаАбазовиќБрнабиќКовачевскиОтворен Балканрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ