• Latest

Крај на партизацијата во јавната администрација – кабаре што го гледаме три децении

September 22, 2025

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Затишје што не навестува ништо добро

July 23, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Ознаката PRESS може да значи смрт

July 23, 2026

ДЗР: Општините изгубиле речиси 48 милиони евра ненаплатени даноци и такси за пет години

July 23, 2026
Петрит Сарачини (фото: ЦИВИЛ)

Aјде да повториме: Зошто Албанците се навредуваат кога ги викаат „шиптари“?

July 23, 2026
Илустрација ВИ

Хутите отвораат нов фронт: Нападнати два саудиски танкери, продолжуваат американските удари врз Иран

July 23, 2026
Национален совет за евроинтеграции (Фотографија: Собрание на РСМ)

Рокас пред Националниот совет: Европската перспектива е жива, но без владеење на правото нема напредок

July 23, 2026

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА БЛИЦ

Крај на партизацијата во јавната администрација – кабаре што го гледаме три децении

September 22, 2025 10:01
in БЛИЦ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДИЈАНА ТАХИРИ

Партиските вработувања со децении претставуваат еден од најтешките тумори на јавната администрација во Северна Македонија. Иако минатата недела министерот за јавна администрација најави крај на оваа практика, јавноста со право останува скептична – прашањето е дали навистина ќе има промена или ќе станеме сведоци на уште една формална реформа без суштина.

Практиките на партизација почнаа масовно да се вкоренуваат во времето на владеењето на Никола Груевски, кога јавната администрација стана најсигурното засолниште за партиските војници. Со вработувања по партиски клуч, јавните институции се претворија во кадровски резервоари за наградување на лојалност, наместо во професионален сервис за граѓаните. Оваа шема не згасна со промената на власта – напротив, продолжи да живее и да се прилагодува на новите политички елити.

Ваквиот систем создаде администрација преполна со партиски кадри, но празна од стручност, одговорност и ефикасност. Наместо конкуренција и знаење, доминираа блискост со партијата, семејни врски, клиентелистички услуги и коруптивни ветувања. Особено пред избори, институциите редовно беа преплавувани со нови „работни места“, кои повеќе личеа на партиски награди отколку на реална потреба за професионалци.

Последиците од ваквата практика се далекусежни. Младите генерации, наместо да ја гледаат државата како простор на еднакви можности, често сфаќаат дека без „врска“ нема напредок. Таа неправедна реалност ја поттикнува емиграцијата: илјадници образовани и амбициозни луѓе заминуваат во странство, каде што трудот и знаењето се ценети повеќе од партиската книшка. Северна Македонија така ја губи највредната сила за развој – младите и квалификувани граѓани.

Затоа, кога денеска властите најавуваат крај на партиските вработувања, јавноста го слуша тоа со добро позната доза на сомнеж. Искуството учи дека декларациите и „мерките“ лесно се најавуваат, но тешко се спроведуваат кога истиот политички систем се храни токму од тие практики. Прекинувањето на овој порочен круг би значело вистинска политичка храброст – нешто што досега ретко сме го виделе.


Текстот е личен став на Авторката
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ