• Latest
Фото: миа.мк

Краткиот период и недоволно практична настава се меѓу причините за стопирање на запишувањето вонредно на здравствените струки

March 22, 2023
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Краткиот период и недоволно практична настава се меѓу причините за стопирање на запишувањето вонредно на здравствените струки

March 22, 2023 14:36
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Фото: миа.мк

Фото: миа.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Краток период на завршување и недостиг од практична настава, која е значајна за здравствените струки, се меѓу причините за одлуката на МОН да се стави во мирување вонредното запишување на медицински струки во средните училишта, појасни министерот за образование и наука Јетон Шаќири за новата одлука за која МОН со допис ги информира училиштата.

Тој посочи дека учениците запишани вонредно, кои имале настава од две до три години, наспроти оние со целосна четиригодишна редовна настава, немаат доволно пракса и дека одлуката ја донеле согласно анализи, а и од податоци од здравствени установи за, како што рече, начинот на реализација на практичната настава.

-Причини за одлуката се начинот на реализација, практичната настава, краткото време на завршување, изјави министерот Шаќири кој денеска го посети средното земјоделско училиште „Браќа Миладиновци“.

Одлуката за мирување на вонредната настава ја донеле и затоа што имало случаи кога  ученици запишани редовно во други струки истовремено се запишувале вонредно и на здравствени струки поради можноста да ги завршат за пократок период и, како што рече, да најдат полесен начин за работа надвор од државата и истовремено да имаат две средни училишта.

Министерот додаде дека ваква одлука ќе има и за други струки ако согледаат вакви ситуации.

Досега вонредно можеше да се заврши средно образование за медицинска сестра, фармацевтски техничар и за други профили од здравствена струка.

Неофицијално, заинтересирани се најчесто кандидати со завршено средно образование, кои се преквалификуваат со намера да стекнат диплома во овие области и да конкурираат за работа во странство.

Од МОН за МИА претходно соопштија дека одлуката е донесена за да се заштитат националните интереси.

-МОН испрати допис до сите училишта во кои се реализира здравствена струка, дека запишувањето вонредни ученици се става во мирување. Одлуката е донесена во насока на заштита на националните интереси, а согласно анализа на состојбите на пазарот на трудот, соопшти МОН.

Tags: Јетон ШаќириМОНучилишта
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ