• Latest

Кривични пријави за поранешните градоначалници на Ново Село и Василево

March 1, 2018

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кривични пријави за поранешните градоначалници на Ново Село и Василево

March 1, 2018 13:13
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Струмичката полиција поднесе кривични пријави против поранешните градоначалници на Ново Село и Василево, соопшти денеска портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

Според неа, екс градоначалникот на Ново Село Б.В. (54) се сомничи дека сторил кривилно дело „злопотреба на службената положба и овластување“, а А.Б. (54) од село Мокрино, општина Ново Село, за „соизвршителство“, а кривична пријава е поднесена и за фирма од истото село.

Имено, општина Ново Село во 2015 година добила шест илјади литри нафта за чистење на речни корита. Половината од доделената количина била складирана во буриња во администативната зграда на општината, а другата половина била преточена во цистерна на фирмата од село Мокрино.

– Правното лице подоцна ја добил јавната набавка за работата, за кое нешто од страна на правното лице била изготвена и издадена приемница на количина од 3 илјади литри нафта и истата била доставена како доказ за евиденциите во општина Ново Село  дека нафтата е примена. Откако биле источени доделените 6 илјади литри нафта за потребите на општина Ново Село, првопријавениот, како градоначалник иако била должен, ниту водел евиденција за искористените количини на нафта, ниту пак изготвил документација со што постои основано сомневање дека првопријавениот во содејство со второ и третопријавениот, се стекнал со противправна имотна корист на штета на општина Ново Село, во висина од 300 илјади денари, рече портпаролката а СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

Таа додаде дека истовремено во делот на предистражната постапка од страна на полициски службеници  е констатирано дека се работи за фиктивна документација.

Со доделената нафта требало да се работа на чистење на речно корито „Порој канал“ во должина од 500 метри, во село Колешино.

Полицијата за шест дена му поднесе уште една кривична пријава на поранешниот градоначалник на општина Василево В.С. (51) повторно за вработување на државен службеник без соодветно образование.

-Во јуни 2010 година му изготвил Решение на лице од село Добрашинци за вработување на државен службеник на работно место Референт за угостителство, туризам и занаетчиство во Одделението за комунални работи и уредување на градежно земјиште и локален економски развој во општинска администрација на Општина Василево, за кое работно место согласно Правилникот за систематизација на работни места на Општинската администрација во Општина Василево било потребно кандидатот да поседува IV степен на ССП или  V степен, информираше портпаролката Хризантема Рендевска.

По целосното расчистување и документирање на настанот од страна на СВР-Струмица  изготвени се кривични пријава и се доставена  во ОЈО-Струмица.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Василевоградоначалницизлоупотребакривични пријавиНово Село
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ