Кремљ предупреди дека чекорите, кои доведуваат до зголемување на тензиите во Сирија, се крајно деструктивни и треба да се избегнуваат.
– Се уште сметаме дека е крајно неопходно да се избегнуваат какви било чекори, што би можеле да ги зголемат тензиите во Сирија, изјави Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.
Според него, зголемувањето на трнзиите ќе се одрази крајно деструктивно врз целит процес за надминување на кризата во Сирија.
Песков нагласи и дека засега на агендата на рускиот лидер Владимир Путин не е предвиден телефонски разговор со претседателот на САД Доналд Трамп.
Специјалната линија за врски за прашањата поврзани со Сирија меѓу американските и руските воени служби „постои и е во активна состојба”, додаде Песков, без да прецизира дали таа била користена во врска со можните американски напади во Сирија.
[divide]
Извор: МИА