• Latest

Кремљ: Русија е подготвена да посредува во преговори меѓу Северна Кореја и САД

December 26, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кремљ: Русија е подготвена да посредува во преговори меѓу Северна Кореја и САД

December 26, 2017 14:36
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Кремљ соопшти денеска дека Русија е подготвена да ја изврши улогата на посредник меѓу Северна Кореја и САД во разговорите чија цел би била намалување на тензиите, доколку двете страни имаат желба Моска да ја преземе таа улога. 

– Подготвеноста на Русија да го трасира патот за деескалација е очевидна, изјави на прес-конференција портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера ги повика Вашингтон и Пјонгјанг да започнат преговори, нагласувајќи дека Русија е подготвена да посредува.

Според тврдењата на јужнокорејските медиуми, Северна Кореја се подготвува за лансирање сателит во вселената, што според експертите има за цел натамошен развој на технологијата на балистички ракети, додека јужнокорејските власти во официјален документ прогнозираат дека Пјонгјанг следната година ќе побара преговори со САД за своето нуклеарно оружје.

Советот за безбедност на ОН во петокот едногласно воведе нови санкции против Северна Кореја поради најновото тестирање на балистичка ракета, извршено на 29 ноември. Воведувањето на новите санкции Пјонгјанг го смета како економска блокада и акт на војна.

[divide]

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: дипломатијаКим Јонг УнКремљРусијаСАДСеверна КорејаТрамп
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result