• Latest
Зоран Бојаровски

Крокодилски солзи за мечкината љубов

December 27, 2022
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Крокодилски солзи за мечкината љубов

December 27, 2022 11:02
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Зоран Бојаровски

Зоран Бојаровски

Share on FacebookShare on Twitter

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

Во завршницата на 2022 година ни се заканува сериозна поплава предизвикана од крокодолски солзи од пуста севда по мечкина љубов.
Оваа појава не и е непозната на нашата јавност, но овој пат емоцијата и фреквенцијата на нејзиното изразување заслужува посебно внимание. Токму заради тоа во оваа прилика ќе се осврнеме на три од најпромиментните примероци на причинетелите на овој дожд од крокодилски солзи по мечката.

Првото место, секако, му припаѓа на младиот комсомолец со брада, лидерот на Левица Димитар Апасиев, кој без да наведе ниту еден аргумент изјави дека македонскиот народ е проруски и дека Левица само го артикулира тоа што народот го мисли.

Овие денови Апасиев беше сериозно демантиран со наодите од опсежното и сериозно истражување на американскиот Меѓународен републикански институт – IRI.

Според оваа анкета Русија е на претпоследно место, заедно со Кина. Двете земји, Русија и Кина ги добија гласовите на по 4 отсто од испитаниците, додека на првите три места се Турција (членка на НАТО) со 22 отсто, ЕУ во целина со 21 отсто, по кои на трето и четврто мсето се Германија и САД.

Резултатите од овие, како и од други истражувања, може да се констатира дека иако постојат проруски чувства во земјата, сепак мнозинството од граѓаните се прозападно и про-ЕУ оринетирани, со силна нагласка на Германија и САД како на најпосакувани поединечни партнери, а не дека се проруски ориентирани како што спинува Апасиев.

Инаку членството во НАТО е сѐ уште болна траума за вториот претставник на трилингот со крокодилски солзи. Професорката Ванковска никако да се помири со фактот дека Северна Македонија е членка на Северно-атлантскиот сојуз и дека таа така се однесува и дека така треба да се однесува.

Таквото однесување за неа е „понизна улога на пион во големата шаховска игра“, дека е „патетична гледана како дел од големата слика“ и дека инсистирањето на „воена победа во Украина по секоја цена е недвосмислено крајно десничарска и нецивилизирана идеја“.

Нецивилизирано е да победите во војна, во која за единствена победа се смета ослободувањето на сопствениот дом од туѓиот агресор?!?

Премногу несоодветно е тоа од еден професор за мир и безбедност.

Третиот во ова трио е поранешниот амбасадор на нашата земја во Бразил, Ивица Боцевски. Да да, почитуван читателу, тоа е оној наш омниталентиран претендент на функции кои последната амбасадорска ја оствари со суперслаломот со членство во политичките партии и во неговата биографија се запишани членството во СДСМ од 1999 до 2005, потоа беше вицепремиер и портпарол во владата на ВМРО-ДПМНЕ со што учествуваше во заробувањето на државата за да заврши како член на ЛДП во 2010 година.

Ете токму тој што беше дел од „катаничарите“ на заробената држава и на медиумите, сега лее големи крокодилски солзи по слободните медиуми како единствен учебник за медиумска писменост.

Сега се промовира како „најжесток противник на секоја цензура, вклучувајќи ја и оваа најнова верзија преку ‘медиумски описменувачи’, ‘ловци на дезинформации’ и ‘вистиномери’“.

И не дека тоа не е точно, ама недолична перверзија е еден од клучарите на заробената држава на
Груевски сега да се прикажува за „најжесток противник на секоја цензура. Токму тој што како „портпарол“, замислете, како „портпарол“, беше овластен за односи со јавноста и со медиумите. Тој сега прокламира дека “слободата на другиот, посебно слободата на оној што мисли поинаку, е единствената граница на слободата на изразувањето“.

Тој би бил најсреќниот пред агресијата од дезинформации, во информациската војна што ја спроведува Москва, да се тргнат „чуварите на портата на деизнформациите“.

Да им се отвори вратата на дезинформациите кои како вирус во информативниот простор имаат за цел да презвикаат нарушување на општествениот систем или на важни таргетирани делови од него. Да предизвикаат информациско безредие за да се предизвика општествено безредие.

Да, точно е дека слободните медиуми можат да бидат „учебник“ по медиумска писменост, ама не  може тој што беше првото лице како портпарол на заробената држава, сега во најдобрите традииции на сопствената превртливост да мисли дека сме заборавиле дека додека беше гласноговорник на владата на заробената држава, слободата на медиумите беше во вртоглав пад и од 2008, кога беше на 42 место, во 2012 година падна на 90-тото место на индексот на „Репортери без граници“.

Од 2017 година наваму Северна Македонија се искачува на оваа листа и во во 2022 година Репортери без граници регистрираа скок од 33 места за Северна Македонија на глобалниот – тоиндекс за слободата на медиумите на „Репортери без граници“ и оваа година е рангирана на 57-то место од вкупно 180 земји.

Делувањето на дезинформациите претставува безбедносна закана за демократското опкружување. Наметнува остра и непомирлива поларизација на политичкиот дијалог и дебата. Со дополнителна радикализација на информациските содржини овие дејствија предизвикуваат ранливост на општественото ткиво кое станува подложно на асиметрични напади со злонамерни и информациски кампањи.

Одбраната од овие закани секако вклучува медиумска писменост, „ловци на дезинформации“ и
вистиномери, колку и да е и не му се допаѓа некому

Tags: дезинформацииЕУНАТОполитички партиипрофесориРусија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ