• Latest

Кузеска: Паразити, тендери на Мицкоски и Томовски во ЕЛЕМ од 60.000 евра и плаќања во готово

November 21, 2022

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кузеска: Паразити, тендери на Мицкоски и Томовски во ЕЛЕМ од 60.000 евра и плаќања во готово

November 21, 2022 13:05
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВМРО-ДПМНЕ е партија на паразити, тоа е масовна појава која трае со години и тоа е потврдено со факти и документи, изјави на прес конференција претеничката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Во време на режимот, над 93.000 евра народни пари завршиле кај сегашниот шеф на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а над 67.000 евра завршиле кај неговата блиска соработничка Гордана Димитриевска Кочовска, истакна Кузеска.

Таа го посочи Ивица Томовски, човекот кој секојдневно од белиот дворец, кој зборува за паразити, дека е вистинскиот паразит кој како управител на АД ЕЛЕМ Турс само од плати добил над два милиони денари или над 30.000 евра народни пари.

Кузеска нагласи дека пари од граѓаните Томовски добивал и пред да биде назначен на функцијата и тоа преку фирмата Сити логистик каде бил управител.

Според Кузеска, компанијата на Томовски од АД ЕЛЕМ, односно од Мицкоски добила тендери во вредност од над 3,6 милиони денари или речиси 60.000 евра.

 

Но она што е уште позагрижувачко од висината на тендерите е плаќањето на одредени фактури во готово.

Еве еден таков документ каде на Сити логистик му било платена фактура во готово.

Ова е незаконска постапка, спротивно на Законот за платен промет, а таквото незаконско постапување било нотирано и во ревизорските извештаи.

Која била целта на незаконската исплата на фактури во готово и каде завршиле парите, треба да кажат Мицкоски и Томовски, прашува Кузеска.

Бројни примери на паразити има во ВМРО-ДПМНЕ.

Таа посочи дека меѓу нив се и сопругите на поранешните генерални секретари на Владата, Кирил Божиновски и Мартин Протуѓер, вработени во Агенцијата за електронски комуникации, како и деца на поранешни министри, пратеници и градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ вработени на високи позиции во државните и јавните претпријатија.

Додека платите на работниците во тоа време на ВМРО-ДПМНЕ беа 20.000 денари а минималната плата 8.000 денари, функционери на ВМРО-ДПМНЕ и нивни блиски роднини, се богателе на грбот на граѓаните кои цели 11 години беа заглавени во долгови и сиромаштија. ВМРО-ДПМЕ е партија на паразити и ништо не може да го смени тој факт, заклучува Кузеска.

Tags: ВМРО - ДПМНЕпаразитиполитика
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ