• Latest

Кежаровски: Слободата на изразување е и обврска!

November 4, 2017
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Кежаровски: Слободата на изразување е и обврска!

November 4, 2017 12:00
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Новинарот Томислав Кежаровски, беше жртва на спектакуларно апсење и политички прогон поради текст напишан во 2008 година, а среде новинарска истрага за сомнителната погибија на сопственикот и главен уредник на неделникот Фокус, Никола Младенов. Текстот за кој Кежаровски е апсен, осуден и затворен се однесува на наводно заштитен сведок, што во пресудата мистериозно се преквалификува во загрозен сведок, а не бил ни едното ни другото. Со пресудата од Велешкиот суд, се докажуваат тврдењата на Кежаровски.

Овој пат Кежаровски во интервју за ЦИВИЛ Медиа зборува за слободата на изразувањето, медиумските слободи и активизмот, не само во смисла на фундаментални човекови права, туку и како обврска која мора да се исполни со цел да се ослободи медиумскиот простор и во земјата да завладејат правдата и демократијата.

ЦИВИЛ Медиа: Што подразбирате под слобода на изразувањето, медиумските слободи и активизам?

Кежаровски: Борбата за слобода на изразување е долга со векови, а борбата за слобода на говор, сведоци сме трае и ден денеска. Слободата на изразување не е само слобода, туку е и обврска. Наша обврска! Во целата оваа работа според мене многу е важно да се внимава да не се пречекори онаа тенка линија која во суштина ги раздвојува слободата на изразување, како едно од основните човекови права и говорот на омраза. Впрочем, ниту едно човеково право не може да се користи за кршење на кое било друго човеково право.

ЦИВИЛ Медиа: На кој начин ги поддржувате или можете да ги поддржите потребите за слобода на изразување, медиумска слобода и активизмот?

Кежаровски: Секогаш ќе бидам на страната на вистината! А кога човек е на страната на вистината во тој случај неминовно е дека се залага за слободата на изразување. Секогаш ќе бидам гласноговорник и секогаш ќе бидам на страната на она што треба да биде кажано гласно и јасно, за секое пречекорување на основните човекови права.

ЦИВИЛ Медиа: Сведоци сме за тоа со какви притисоци се соочувавте во минатото, како се справувате со нив?

Кежаровски: Како се справував? Да ви кажам право во оној период кога бев активно вклучен во новинарството бев безмалку изложен на отворени закани и притисоци. Главно од оние политички моќници или оние кои себеси така се сметаа и од оние кои непосредно беа вклучени во онаа бизнис елита, особено кога ќе се обелоденеше нешто за нив. Меѓутоа, се справував многу лесно само заради тоа што секогаш вистината ми беше водилка во работата. Секогаш се стремев да ја обелоденам вистината. не шпекулирав, не се обидував да пишувам лажни вести за да го пренасочам вниманието на јавноста на друга страна. Настојував да биде вистината и на тој начин, условно, многу лесно излегував на крај со сите притисоци.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се вашите препораки, како да се одбранат слободата на изразувањето, медиумските слободи и активизмот?

Кежаровски: Веќе споменав дека слободата на изразување е основно човеково право и сите ние мораме да бидеме протагонисти, да бидеме нејзини протагонисти. Во тој дел сметам дека се она што ќе биде наведено гласно и јасно, без притоа да навлегуваме во говор на омраза, ќе биде само наш придонес кон сочувување на демократските права. Имено, врз сите институции мора да постои, условно речено, надзор, за да може се да функционира онака како што треба, во една нормална демократска држава. Ако веќе се стремиме да бидеме нормална демократска држава, мора да постои надзор врз институциите, врз државните институции. А надзорот можеме да го постигнеме само со слободни и демократски отворени медиуми.

Маја Ивановска
Камера и монтажа: Ермин Климента
Фотографија: Биљана Јордановска


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Tags: @активизамМедиумимедиумски слободиновинарствослобода на изразувањеТомислав Кежаровски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ