• Latest
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Лагата може да е глупава, провидна и плитка, но пропагандата може да ја направи сеприсутна и – вистинита

March 7, 2024

Нов притисок врз семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ПРОПАГАНДА

Лагата може да е глупава, провидна и плитка, но пропагандата може да ја направи сеприсутна и – вистинита

March 7, 2024 09:21
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ЕДИТОРИЈАЛ, ПРОПАГАНДА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Паралелно со обновената офанзива на рускиот агресор во Украина почна и нова офанзива на рашистичката пропаганда. Очекувано, пропагандата е интензивна и валкана. Таа дотолку поголема, колку што се ограничени воените успеси на рускиот агресор во тридневната „специјална воена операција“ која навлезе во третата година. Тоа е објаснувањето зошто освојувањето на Авдиивка е толку голем успех за воениот злосторник Путин.

Да се потсетиме накратко, како функционира Кремљ и како реагира светот на тоа. Вечната неспремност на поголем дел од светот да се соочува со фактите се плодно тло за злосторничка клика како онаа во Кремљ и нивните рашистички пропагандисти.

Навистина, како е можно толку плитки „аргументи“ како што се руските да не бидат решително и целосно отфрлени во истиот момент кога се изговараат?

Впрочем, во тоа и се состои пропагандата. Лагите на авторитарните и злосторничките режими често се провидни и наивни до инфантилност, но тоа не е пречка тие да се шират како вирус.

Нивната распространетост е последица од неуморно и долготрајно дејствување на пропагандните машинерии во држави како руската. Тие постепено го нагризуваат општеството и го менуваат однесувањето на луѓето. Пропагандата на државата терорист е силна и во себе содржи децениска институционална меморија и искуство.

Пропагандата не нужно се труди да ги убеди луѓето во нешто. Доволно е да вбризга сомнеж, недоверба и страв кај луѓето. Потоа, секоја наредна фаза е полесна. Сомнежот предизвикува омраза, а потоа и несигурност, поларизација и – кога тоа е потребно – насилство.

Лагата може да биде глупава, провидна и плитка, но пропагандата може да ја направи сеприсутна и – вистинита.

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, во видео обраќање на 6 март, во само пет минути, распарчи два од најчесто повторуваните наративи на руската пропаганда. Да ги видиме лагите и како тие се разобличуваат.

Кремљ тврди:

ЛАГА БРОЈ 1: Русија беше принудена да ја нападне Украина затоа што имала намера да се зачлени во НАТО.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА РУСКАТА ЛАГА БРОЈ 1: Министерот Кулеба ја посочува временската линија: Русија ја нападна Украина во февруари 2014 година и го окупира полуостровот Крим. Украина во тоа време е неутрална земја и немаше план да се приклучи на НАТО, туку во ЕУ. Значи, ЕУ, не НАТО. Тој план се менува по повеќемесечни борби со агресорите, па така, есента 2014 година, Украина се откажа од неутралноста. Останува фактот: Украина беше неутрална држава во моментот и во месеците кои следеа по првата руска агресија во 2014 година.

ЛАГА БРОЈ 2: НАТО вети дека нема да се прошири на исток, но подоцна го прекрши ова ветување.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА РУСКАТА ЛАГА БРОЈ 2: Пропагандата не може да даде одговор кога е дадено такво ветување и кој го дал. Зошто? Затоа што такво ветување никогаш не било дадено. Некои од пропагандистите тврдат дека дека ветувањето му било дадено на претседателот на СССР, Михаил Горбачов. Често се споменуваат американско-советските преговори за обединување на Германија во 1990 година, но тогаш Варшавскиот пакт сè уште постои. Едноставно, во тоа време не може да стане збор за проширување на НАТО на исток, затоа што Варшавскиот Пакт и Советскиот Сојуз сѐ уште беа функционални во 1990-та. Картата на Европа во тоа време беше сосема поинаква и таков разговор не би можел да се случи; распадот на Варшавскиот Пакт и СССР почнува во 1991 година. Кремљ лаже! И самиот Михаил Горбачов ја поби оваа лага, велејќи дека тоа е – мит. (Препорачувам да се погледне петминутното видео или да се прочита текстот на изјавата на министерот Кулеба: „Не ја повторувајте лагата дека Русија нападнала затоа што Украина сакала да влезе во НАТО – тоа не соодветствува со фактите“ на ЦИВИЛ.)

Пропагандните наративи на Кремљ се разобличуваат постојано, но тие секогаш одново се појавуваат и доминираат во јавниот дискурс на многу места во светот. Тоа е последица на руската пропаганда и субверзивно дејствување кои играат „долга игра“ – постојано да предизвикуваат сомнеж, страв и поларизација.


ПС. Македонската секција на руската пропаганда е многу податлива за анализа, лесно е да се препознае, бидејќи верно и без многу отстапувања ги следи пропагандните модели. македонските пропагандисти верно го следат и копират неконтролираното дрдорење на ноторниот рашист Соловјов, но можат да се „пофалат“ и со мрзеливост и неподготвеност, што само додава на нивната примитивност и вулгарност.


Текстот е личен став на Авторот | ЦИВИЛ МЕДИА
Tags: лажни наративиНАТОпропагандарашистируска агресијаУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ