Руската пропаганда создаде лажна сметка на TikTok, наводно управувана од украинската војска.
На една од руските пропагандни ТВ емисии беше прикажано видео на кое наводно украински војници фрлаат пикадо кон портретот на врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни.
Руските пропагандисти го споделуваат видеото и на нивните Телеграм канали.
Како што пренесува Укринформ видеото е преземено од сметката на badofi4022 на TikTok. На него почнаа да се појавуваат видеа пред само една недела: прво го прикажуваат секојдневниот живот на украинските војници, а потоа ја дискредитираат украинската армија.
Во хаштаговите на видеото пишува дека сметката наводно им припаѓа на борците на 128-та посебна планинска нападна бригада Закарпатија. Но, оваа сметка е лажна и не ја водат борците на оваа бригада. Видеото со Залужни е лажно и е дел од руската информативна и психолошка операција.
„Ова е 100% непријателска дезинформација и психолошка операција. Тоа може да се види и од видеото на истиот профил, на кое нашите борци им зборуваат на претседателот и на врховниот командант за нивните проблеми со звукот и чудната синхтонизација на презентацијата“, изјавија за Укринформ од прес-службата на Бригадата.
Во меѓувреме, окупаторската армија навистина има проблеми меѓу војниците и командантите. Еден ден претходно, платениците од ПВК Вагнер со митралез ги застрелаа портретите на началникот на Генералштабот на руската војска Валериј Герасимов и генералот Александар Лапин.
Претходно руските пропагандисти направија „флеш моб“ на американската војска против војната со Русија.
Подготви: Д. Мишев