Невладината организација „Легис“ покрена волонтерска акција за помош на бездомните лица.
Активистите од „Легис“ преку ноќни посети на бездомниците, што од различни причини не се сместени во дневниот прифатен центар, ќе се обидат барем малку да ги стоплат на овие ниски температури со чај и супа.
Тие ги повикуваат сите граѓанки и граѓани да ги известат доколку имаат информација за локации каде се забележани бездомници, да донираат чај, термоси и супи.
Легис ги повикува и сите што сакаат да помогнат и можат да одвојат неколку часа неделно, да им пишат во инбокс на нивната фејсбук страница
Б.Ј.