Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети обвинува дека се води хајка и притисок против него, повикувајќи ја ДКСК да се посвети малку и на пратениците, а не само на него, и најавува тужба за антикорупционерите.
„Ова е селективна правда. Што не одат во Охрид да му ја рушат пицеријата на Нефи?! Ама таму им фуфка да одат, не смеат да го пипнат откако им се закани дека ќе се жали во УНЕСКО. Јас ќе се жалам ако треба не само во УНЕСКО, туку и во судот во Стразбур и ако таму не победам ќе се жалам во највисокиот Суд во Мала Речица!“, вели тој.
Тој се закани дека нема да им дозволи на антикорупционерите да се бањаат и да фаќаат риба во езерото Матка, ако продолжат да го гонат за незаконско работење.
Ибрахим Маткали
Оградување, одбрана и заштита: Секоја сличност на овој текст со реалноста е (не)намерна.