• Latest

Лукашенко под санкции, охрабрувачки пораки од Гир, диктатурата е подобра од демократијата?

June 21, 2021
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Лукашенко под санкции, охрабрувачки пораки од Гир, диктатурата е подобра од демократијата?

June 21, 2021 17:54
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ЕУ воведе санкции за 86 физички и правни лица во Белорусија, вклучително и семејството на Лукашенко

Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел официјално го потврди воведувањето на четвртиот пакет санкции против Белорусија. Во него се вклучени 86 физички и правни лица, напиша Мишел на својот профил на Твитер.

– ЕУ денеска испрати нов силен сигнал за поддршка на народот во Белорусија, воведувајќи нови ограничувачки мерки. Нашата порака до режимот веројатно не може да биде погрешно разбрана: да се ослободат сите политички затвореници, да се стави крај на секоја натамошна репресија и да се започне сеопфатен национален дијалог, се вели во соопштението.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

– Ги цениме напорите да се решат нерешените прашања меѓу Северна Македонија и Република Бугарија. Тоа е навистина важно и нешто кон што повикуваме што се однесува до отворањето на самите преговори. Тука можам да го повторам она што го кажува раководството на ЕУ, се надеваме дека преговорите ќе се отворат што е можно побрзо, истакна евроамбасадорот Дејвид Гир.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Европски вредности во Велес

ЦИВИЛ организира работилница во Велес на тема „Учество во креирање политики, јакнење на јавната свеста и промоција на европските вредности, мултикултурализмот и недискриминацијата на локално ниво“ што ќе се одржи на 22 јуни (утре), со почеток од 13 часот, во општинската сала.

Голем интерес за изборни набљудувачи на ЦИВИЛ

ЦИВИЛ бележи голем интерес за аплицирање за мобилни изборни набљудувачи за локалните избори 2021. Минатата недела, Организацијата ги повика своите членови, поддржувачи и учесниците на семинарите за граѓанско новинарство, набљудувачите на претходните изборни процеси, како и сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани да аплицираат за краткорочни изборни набљудувачи. Повикот во оваа фаза е отворен до 30 јуни на полноќ и ќе бидат избрани 150 набљудувачи.

ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА

Се интензивира долгорочниот мониторинг на ЦИВИЛ

ЦИВИЛ го интензивира долгорочниот мониторинг на изборниот процес во пресрет на локалните избори, предвидени за октомври годинава. Мониторингот ги опфаќа партиските и пропагандните активности, Државната изборна комисија, политичкото финансирање и работата на институциите во контекст на дополнувањата и измените во изборното законодавство.

ГРАЃАНСКА ПРИЈАВА

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПОДДРШКА Премиерот Зоран Заев, се сретна со Марија Виржиња Пина, амбасадорката на Португалија за нашата држава. Тоа, како што е констатирано, е случај со развојот на добрососедските односи со Грција и Бугарија, но и со сработеното во реформските процеси на домашен план, поради што, Португалија, како земја којашто претседава со Советот на ЕУ, цени дека Република Северна Македонија треба да биде дел од семејството на ЕУ.

КОВИД Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција во Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина истакна дека ситуацијата во земјава е мирна и дека за првпат на инфективната болница се примаат пациенти кои што имаат друго инфективно заболување, пренесува Слободен Печат.

АНТИКОРУПЦИЈА Николовски преку својот фејсбук статус информираше дека во наредните три дена, ќе се обидат заеднички да ги дефинираат приоритетите за борба против корупцијата и нелегалните финансии во земјите од Западен Балкан.

ПРАВДА Министерот за правда Бојан Маричиќ оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави Кејт Брнз, на која беа дискутирани модалитетите за соработка во рамки на неодамна објавениот Меморандумот за воспоставување на борба против корупцијата на САД. Дополнително беше разговарана и Извршната наредба издадена од Претседателот Бајден, за лица кои дејствуваат против демократските вредности, а доаѓаат од Западен Балкан.

ЕКОНОМИЈА Нови 100 милиони евра добри земјава од Европската инвестициска банка (ЕИБ) наменети за поддршка на претпријатијата со договор што беше потпишан денеска.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Половина од луѓето (испитаниците) не веруваат во демократијата. Според нив, има и други форми на владеење кои се исто толку добри, па и подобри од неа. Дали автократијата, тоталитаризмот, демархијата или анархијата се подобри форми на владеење? Диктатура? Воена или полициска хунта? Можеби некој облик на теократија, емират, султанат, монархија?“, пишува Џабир Дерала во денешниот ЕДИТОРИЈАЛ „Диктатурата е подобра од демократијата?“.

„Навикнати сме со години на соседите да им пречиме како се нарекувме, како си го нарекуваме јазикот на кој ние зборуваме (ние зборуваме, не тие) и слични навредливи изрази. Министри, европратеници, разни историчари со конкретни намери ни го окупираат вниманието. Можеби тие мислат дека не администрираат, а ние во заблуда потонати, лошо ја доживуваме нивната братска прегратка. Се повеќе сум убеден дека култивираноста на посетителите во пристојните кафеани е на многу повисоко ниво, од онаа што ја употребуваат политичките преставници на народите во балканскиот вртлог, на јавна сцена. Кога ја искоментирав изјавата на бугарскиот европратеник, пред еден ваков кафански состав, добив експресен одговор – остави го да паламуди, за тоа е платен“, пишува Војо Маневски во колумната „Паламудење“.

Дехран Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ