• Latest
Фото: Фросина Насковиќ, МИА

„Мафијашите“ од Комунална одговорни за скопскиот смет, политички чистки по цена на здравјето на граѓаните

July 10, 2023
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕН ЦИВИЛ

„Мафијашите“ од Комунална одговорни за скопскиот смет, политички чистки по цена на здравјето на граѓаните

July 10, 2023 15:57
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕН ЦИВИЛ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото: Фросина Насковиќ, МИА

Фото: Фросина Насковиќ, МИА

Share on FacebookShare on Twitter
„Не дозволивме и нема да дозволиме мафијашки структури заедно со политичкиот смет да наштетат на интересите на македонските граѓани. Она што го ветив пред граѓаните е дека ќе работам чесно и во нивен интерес и ништо нема да ме спречи да го исполнам дадениот збор“, пишува градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска на својот Фејсбук профил, придржено со неколку фотографии од празни контејнери.

Состојбата во претпријатието стабилизирана, вели Арсовска, а за целата збрка е виновен Мицкоски, или како што вели градоначалничката „Мицкоски е разобличен вечерва зашто за ефтини поени сака да креира проблеми кај граѓаните, а потоа да се претставува дека ги решава тие проблеми. Таквите политичари се најголемото ѓубре кое го видело овој град и ние вечерва ќе почнеме, со чистењето на ѓубрето, да ги чистиме и нив“.

Во меѓувреме градоначалниците ќе спремаат кривична пријава против Арсовска за загрозување на здравјето на граѓаните. Градоначалниците на Кисела Вода и Аеродром го истресоа ѓубрето пред ЈП „Дрисла“, што според некои законски одреди, сторија кривино дело, пред сè, под сомнеж за извршување кривично дело против животната средина.

Или како што велат од „Дрисла“: Ниту Општина Аеродром, ниту Општина Кисела Вода немаат потпишан договор со ‘Дрисла‘, бидејќи истиот им е истечен во март месец. Се поставува прашањето каде го фрлале сметот овие две Општини во изминатите месеци ако немаат договори? Дали креирале и колку диви депонии креирале“.

Изутринава градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, побрза да го исполи ветеното дека Општина Центар рано наутро ќе започне со чистење на сметот низ општината.

„Во акцијата се вклучија речиси сите вработени од комуналната служба во ЈП „ПОЦ“ со целата механизација како и голем камион за кревање на контејнери. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски го водеше стартот на акцијата. Покрај собирањето на ѓубрето на терен беше пуштена и цистерната која ги миеше контејнерите и просторот околу нив каде имаше натрупано вреќи со отпад кои предизвикуваат непријатна миризба“, се вели во нивното соопштение.

И сè се случи порати отпуштање на тројца вработени во ЈП„Комунална хигиена“, што ги наведе на протест останатите вработени. Со интервенција на полиција и препукувања меѓу директорката и вработените, протестот имаше тенденции да ескалира или да го претвори главниот град во една голема депонија.

Општиот заклучок е дека директорката Косана Мазнева-Николиќ се справува со мафијашки структури, чии имиња не се спомнуваат поради заштита на лични податоци и покренување постапка пред надлежните органи. Комунална е во функција и штета ќе се санира, ветија Мазнева и Арсовска.

Градоначалниците, пак денеска одржаа седница во врска со комуналната хигиена во рамките на Град Скопје, одлучија да побараат извештај од Град Скопје за состојбите поврзани со комунална хигиена, како и препорака со која се бара Градот Скопје да ја разгледа состојбата и да преземе мерки за итно постапување од Јавното претпријатие „Комунална хигиена Скопје“ во решавање на проблемот и иницијатива самите општини да ја преземат механизацијата за одржувањето на комуналната хигиена.

Арсовска не присуствуваше, а отсутни беа и градоначалниците на општините Зелениково, Карпош, Чучер Сандево, Чаир и Сарај.

СДСМ ги обвини Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници, а ВМРО-ДПМНЕ децидно се огради и од Арсовска и од целиот хаос, со апел на Мицкоски да се реши побргу ситуацијата со натруопаниот смет, апелирајќи и Владата да се вклучи во решението. Се разбира, ја потенцираше и ажурноста на нивните градоначалници да помогнат во расчистувањето во нивните општини.

Во меѓувреме, барем во централното градско подрачје реата сè уште испарува од натрупаниот смет околу контејнерите, дополнително таложејќи се во текот на денот.

Независно како ќе се решат „мафијашите“ од Мазнева и Арсовска од редовите на „Комунална“, добро е да се разгледа и предлогот на Тони Поповски, независен консултант за анализи и формулирање на јавни политики со фокус на доброто управување, децентрализацијата и заштитата на животната средина, кој во Фејсбук статус излезе со решение за настанатата ситуација.

„Излезно решение според мене е итна трансформација на градските ЈП во меѓуопштински ЈП. На тој начин би се обезбедило поголемо влијание на сите општини врз носење на одлуки. Секако, ова решение изискува висок степен на политичка култура и заедничка определба за висок степен на координација и соработка помеѓу градоначалниците и советите на општините, што може да претставува предизвик поради различни ставови и спротивставени мислења за приоритети и неретко различните политички провиниенции. Овие ризици можат делумно или целосно да се надминат со потпишување на покомплексен Договор со кој детално се уредуваат меѓусебните права и обврски и со воспоставување на целосно стручни (ДЕПОЛИТИЗИРАНИ) и функционални управни и надзорни одбори во претпријатијата и избор на политички независни и стручни раководители на претпријатијата“, пишува Поповски.

Б. Ј.

 

Tags: Данела АрсовскаѓубреЈП КомуналнаКосана Мазнева-НиколиќСКОПЈЕ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ