• Latest

Македонија ќе плати отштета на семејството на починат ромски осуденик!

June 16, 2017
Колаж од фотографија од архивата на ЦИВИЛ (Христијан Мицкоски) и партиската ФБ страница (Димитар Апасиев)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Македонија ќе плати отштета на семејството на починат ромски осуденик!

June 16, 2017 13:43
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Македонија се согласи да исплати отштета во износ од 9.000 евра на семејството на граѓанин, идентификуван како Р. А., Ром кој починал под сомнителни околности, на 30 јули 2010 година, за помалку од 48 часа, откако почнал да ја отслужува казната во затворот во Гевгелија. Исплатата е дел од вонсудската спогодба, со која се става крај на предметот „Еминов против Македонија“ што се водеше пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, уште од 2014 година.

И актуелната вчера објавена вонсудската спогодба претставува доказ за трендот на слични смртни случаи на Роми во Македонија, најобесправеното малцинство во земјата, сметаат од Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦРП), од Будимпешта, Унгарија.

Семејството на починатиот, откако не успеало да добие правда преку судскиот систем во Македонија, во 2014 година, со помош на ЕЦРП, поднело апликација пред Европскиот суд за човекови права.

„’Случајот Еминов’ е тажна победа, бидејќи загубата на млад човечки живот е материјално ненадоместлива! Сепак, фактот дека Македонија се согласи за спогодба, означува признание за сторената повреда и тоа пред највлијателниот судски форум во Европа, судот во Стразбур. ЕЦПР е правен застапник на уште три вакви случаи, во кои животот го загубија затвореници од ромска припадност, под сомнение за сериозни злоупотреби на затворските служби во неколку затвори низ државата – Скопје, Штип и Гевгелија. Овие случаи упатуваат на нешто скапано во затворскиот систем, што се однесува до третманот кон Ромите. Нашата цел е ваквите груби повреди на човековите права да бидат целосно искоренети! Сè додека таква промена не се случи, нашата борба пред домашните и меѓународни судови ќе продолжи,“ изјави за ЦИВИЛ Медиа, Сенада Сали, правен застапник во ЕЦПР.

Според обдукцијата, осуденикот починал од воспаление на белите дробови, кое се влошило поради високото ниво на метадон и барбитурати што го отежнале неговото дишење, атоа довело до откажување на органите. Нивото на метадон во неговата крв било седум пати повисоко од дозволеното!

„Предозирање со метадон не може да е несреќен случај! Особено не – во државна затворска установа, контролирана од командири, чувари, полицајци кои очигледно не си ја вршат надлежноста, според законските одредби“, додава Сали.

Во соопштението до јавноста, претседателот на ЕЦПР, Ѓорѓе Јовановиќ, пишува дека будно ги следат и последните три смртни случаи на Роми кои починаа во македонските затвори.

„Задоволни сме што Владата на Македонија се согласи да исплати оштета во еден случај. Но, нема да им дозволиме смртните случаи меѓу Ромите, како што е овој, да се туркаат под ќилим. Само оваа година, уште тројца припадници на нашата заедница умреле во македонските затвори и тоа во невообичаени околности кои вклучувале медицинско лекување. Нивните семејства храбро одбиваат да ги прифатат слабите објаснувања на властите и бараат правда. Ние ќе ги поддржиме и ќе откриеме дали постои тренд на убиства на Роми поради негрижа во македонските затвори“, истакна Јовановиќ.

„На 11 март 2017 година, Андриас Реџепов, 21-годишен Ром починал во затворот ‘Идризово’. Неговото семејство било известено дека тој умрел од комбинација на метадон и дијазепам, но не им бил доставен извештајот од обдукцијата, иако постојат докази дека бил подложен на сериозно полициско насилство во периодот пред неговата смрт.

На 22 март 2017 година, Ердал Јусинов, 25-годишен Ром, татко на две мали деца, починал во затворот во Штип. Постојат наводи дека тој бил малтретиран од затворските чувари и докторите, и дека не добивал доволно храна. Исто така, тој примал лекарства кој му ги дал затворскиот доктор во времето кога умрел.

Последниот случај е од 2 јуни 2017, кога 45-годишна Ромка од Струмица, била најдена мртва во затворот „Идризово“. Семејството на починатата Ромка тврди дека нејзината смрт е резултат на тортурата и тепањето на кое била подложена од затворските чувари, како и на последователниот несоодветен третман од затворските доктори. Затворската управа ги негира сите наводи на семејството, аргументирајќи дека жената имала сериозни лични здравствени проблеми“, пишува во соопштението на ЕЦПР.

ЕЦПР ги поддржува трите ромски семејства на лицата кои умреле во затвор оваа година, во обидите да дојдат до правда преку кривични и граѓански постапки.

Дехран Муратов

Tags: БудимпештаЕвропски центар за правата на РомитезатворМакедонијаоштетаСтразбурСуд за човекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ