• Latest

Македонија: Преглед на дневни настани (10 јуни 2016)

June 10, 2016

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Македонија: Преглед на дневни настани (10 јуни 2016)

June 10, 2016 22:00
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дневен преглед на најважните настани во Република Македонија (10 јуни 2016 година): Никола Груевски на распит во Кривичниот суд во Скопје || Булевар на #ШаренатаРеволуција || Укинат притворот за активистите на Левица || Уставноста на СЈО не е на дневен ред на седницата на Уставниот суд || Кривичниот суд ќе решава по барањата на СЈО

timeline-logo-01-c

Никола Груевски на распит во Кривичниот суд во Скопје

gruevski vo sudПоранешниот  премиер Никола Груевски беше на распит кај судија во претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје. Поништувањето на аболицијата го додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на списокот осомничени на Специјалното Јавно обвинителство. Груевски се сомничи дека ги злоупотребил службената положба и овластувања во „Случајот ТНТ“ за уривањето на објектот „Космос“ на Фиат Цаноски.

Булевар на #ШаренатаРеволуција

boenje pred sobranie 8 denaУште 8 дена! Одбројуваме до слобода! Груевски на суд! #Одбројувам. Ова се пораките на#ШаренатаРеволуција денеска, која булеварот пред Собранието на Република Македонија го претвори во Булевар на #ШаренатаРеволуција. Неколку илјади демонстранти денеска на Никола Груевски му одбројаа уште еден ден поблиску до ултимативниот рок за исполнување на познатите барања на Шарената револуција.

Укинат притворот за активистите на Левица

DSC_1035

По барање на адвокатите, Судот одлучи да ја укине мерката куќен притовор на демонстрантите Здравко Савески и Владимир Куновски и да им се одредат мерки на претппазливост – одземање на патни исправи и јавување во одреден временски период во судот. На ваквиот предлог се согласи и обвинителката Снежана Бундалеска, но сепак побара и мерка за ограничување на движење, со оглед на тоа дека има најава за протести, што беше одбиено.

Уставноста на СЈО не е на дневен ред на седницата на Уставниот суд

Според веќе утврдениот дневен ред за седница на Уставниот суд која е закажана за 15 јуни, ја нема точката за оцена на уставноста на Специјалното Јавно обвинителство. Според ова, Уставниот суд не го зеде предвид барањето на опозицискиот СДСМ до 18 јуни да се произнесе околу уставноста на Специјалното јавно обвинителство.

Кривичниот суд ќе решава по барањата на СЈО

Скопскиот Кривичен суд денеска потврди дека до нив СЈО доставило предлог и на експремиерот Никола Груевски да му биде определена мерка за обебзедување на присуство. Груевски заедно со поарнешниот министер Миле Јанакиески и градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски се осомничени во „Случајот ТНТ“.

Најави

Бори се против апатијата – обука на ЦИВИЛ – Центар за слобода за граѓанско новинарство (10:30-18:00 часот, настан од затворен карактер, учество само со одобрена апликација) и церемонија за доделување награди за граѓанско новинарство (18:00-19:00 часот, отворен за јавноста).


german-cooperation-logo-c

ЦИВИЛ го објавува овој преглед на дневни настани со цел да придонесе кон објективното информирање за настаните и процесите, но и за настани за кои еден дел од медиумите во Република Македонија не информираат или информираат многу малку. Вашето мислење е важно за нас. Ве молиме, вашите коментари, сугестии, информации, фотографии и видео прилози испраќајте ги на нашата Фејсбук страница или на e-mail: monitor@civil.org.mk

 

Tags: МакедонијапритворПротестСЈОУставен судЦивилшарена револуција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ