• Latest

Македонија: Преглед на настани (20 јули 2016)

July 20, 2016

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Македонија: Преглед на настани (20 јули 2016)

July 20, 2016 23:48
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Дневен преглед на најважните настани во Република Македонија (20 јули 2016 година): Талески на распит во СЈО || Горан Грујовски не е повеќе началник на Петтата управа || СЈО работи на предметот „Шпион“ || Основниот суд Скопје одби мерка за претпазливост за Јанкулоска || Протест во Тетово против дивата депонија  || Претставниците на политичките партии постигнаа договор  || Шекеринска: Договорот ќе обезбеди фер избори || Тодоров: Се надевам дека СДСМ ќе собере храброст да се соочи со граѓаните!

timeline

Талески на распит во СЈО

По два часа распит кај Катица Јанева, битолскиот градоначалник Владо Талески го напушти СЈО со старите ставови за случајот „Транспортер“ – дека се работи за наметнат процес со кој се прави политичка хајка против него. Талески еден месец е во домашен притвор, од каде беше спроведен со полициска придружба, а во зградата на СЈО влезе  без лисици на раце.  Битолскиот градоначалник од дома ја води Општината, потпишува документи кои курирската служба секојдневно му ги носи.

Горан Грујовски не е повеќе началник на петтата управа

Министерството за внатрешни работи, нема началник на Петтата управа, откако досегашниот началник осомничен во случајот „Тврдина“, Горан Грујовски е разрешен од позицијата, информираше на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи, Митко Чавков. Грујовски од оваа функција беше суспендиран од поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

СЈО работи на предметот „Шпион“

13396708_1138498686171047_1826646449_o-200x132

Специјалното обвинителство ја привршува анализата со заклучоци за предметот „Шпион, обвинетите се надеваат дека на први септември Катица Јанева ќе ја објави вистината за првата шпионска афера во земјава – дали Кривичниот суд направил повреди во постапката. Дотогаш, од СЈО одлучија да не ги соопштат заклучоците. Во неизвесност се и адвокатите, што ќе се случува со „Шпион“ и пресудите за нивните 19 клиенти.

Основниот суд Скопје одби мерка за претпазливост за Јанкулоска

13161761_960152067436596_3836334823399144803_o

Судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1, Александра Поп – Стефанија одби да изрече мерка на претпазливост на ексминистерката за внатрешни Гордана Јанкуловска, која  е осомничена во случајот за незаконското уништување на опрема за прислушување познат како „Тврдина“, што го отвори Специјалното Јавно обвинителство (СЈО). Предлозите на СЈО се одбиени како неосновани, а во образложението на судијката се вели дека осомничената дала исказ дека уредно ќе се јавува на поканите од Судот.

Протест во Тетово против дивата депонија

15-8 

Жителите од тетовската населба Деребој, денеска протестираа против дивата депонија која се наоѓа веднаш до нивната населба. Протестот се одржа пред зградата на Oпштина Тетово, каде беше и доставено писмо до градоначалничката Теута Арифи, со кое се побара санирање на депонијата. Симболично пред општинската зграда, демонстрантите фрлија ѓубре.

Претставниците на политичките партии постигнаа договор

mmmpregovori 

„Имаме добри вести, постигнат е договор и партиите се согласија да продолжи имплементацијата на пржинскиот договор“, изјави американскиот амбасадор Џес Бејли, откако заедно со претставникот на канцеларијата на Европската унија и сопретставниците на политичките партии, по завршувањето на преговорите, сите излегоа насмеани од Клубот на пратениците. И двете отворени прашања за кои деновиве преговараа партиите се затворени, договорено е министерот за внатрешни работи да може да смени 15 раководители или началници, како и да спроведе 10 проценти кадровски промени по хоризонтала, а министрите од преодната влада по изборите, веднаш да си поднесат оставки.

Шекеринска: Договорот ќе обезбеди фер избори

rada

„На почетокот на целиот овој процес ветивме дека овој пат во Македонија прво ќе инсистираме да има обезбедени услови за фер и демократски избори, а дури потоа ќе обезбедиме договор за датум на изборите. Тоа овој Договор го обезбедува. Дополнително ветивме дека сите еднострани потези коишто ги повлече Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе мора да ги повлечат. Тоа исто така го обезбедува овој Договор“, изјави претставничката на СДСМ на денешните преговори, Радмила Шекеринска. 

Тодоров: Се надевам дека СДСМ ќе собере храброст да се соочи со граѓаните! 

todorov(17)

„Задоволен сум. Имаме договор. ВМРО-ДПМНЕ целиот овој период доаѓаше по договор. Баравме да се стави крај на оваа криза, којашто СДСМ ја наметна на оваа држава и ја одржуваше целиот овој период. Задоволен сум затоа што со овој договор се отвора можност да се организираат, фер, демократски, слободни, кредибилни избори на кои што ќе учествуваат сите и народот ќе одлучи кому ќе ја даде довербата“, изјави Никола Тодоров. 


german-cooperation-logo-c

ЦИВИЛ го објавува овој преглед на настани со цел да придонесе кон објективното информирање за настаните и процесите, но и за настани за кои еден дел од медиумите во Република Македонија не информираат или информираат многу малку. Вашето мислење е важно за нас. Ве молиме, вашите коментари, сугестии, информации, фотографии и видео прилози испраќајте ги на нашата Фејсбук страница или на e-mail: monitor@civil.org.mк

 

 

Tags: избориМакедонијапреглед на настаниПржинопритворСЈОЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ